Порано Индијците ја користеле аронијата за лекување рани , а денес ова овошје богато со многу витамини и минерали е еден од најпознатите природни антиоксиданси , кое најчесто се пие како сок.
Аронија ја подобрува циркулацијата, ја прочистува крвта , ги ублажува главоболките и мигрената, го намалува високиот крвен притисок, дава корисен ефект на желудникот и цревата, го подобрува имунитетот и го спречува развојот на вирусна инфекција. Таа може да биде корисна при лекување на дијабетес, бидејќи ја регулира работата панкреасот.
Покрај тоа, аронијата помага при заздравувањето на раните на кожата, го забавува процесот на стареење и заштитува од UV зрачење.
Аронија или како што ја викаат “Билка на иднината” , најчесто се користи во сува или течна форма.

You must be logged in to post a comment Login