Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

3 опасности кои ги носи мокриот костим за капење

Секоја жена реагира на надворешните околности на различен начин. Тоа првенствено зависи од имунитетот, но на тоа колку е склона на инфекции.

3-opasnosti-koi-gi-nosi-mokriot-kosim-za-kapenje-01.jpg

Ако ги прашате докторите што е она што најлесно може да го загрозат женското здравје во летните месеци, сите ќе ви одговорат исто – мокриот костим за капење.

Зошто?

1. Воспаление на мочниот меур

Наглите промени на температури како што е излегувањето од климатизиран простор или влегување во ладна вода може да бидат виновници за воспаление на меурот. А, мокриот костим за капење е студен пред целосно да се исуши.

Зачестеното мокрење е првиот симптом кој ќе го забележите, како и пецкањето. Докторите препорачуваат да пиете многу течности како би ги исфрлиле бактериите, а топлиот увин чај и свежите овошја и зеленчуци се секогаш добредојдени.

2. Габични инфекции

Инфекциите од овој тип најлесно може да се појават ако се бањате во базен. Најзагрозени се луѓето кои јадат многу слатко, пијат алкохол и имаат ослабен имунитет бидејќи се често изложени на стрес.

Најчести симптоми се црвенилото и чешањето, а проблемот може да се реши само со соодветна терапија од антибиотици.

3. Воспаление на јајници

Воспалението од овој тип е многу често додека сте на одмор, а симптомите најчесто се болки во долниот дел од стомакот, околу јајниците, како и повишена температура.

Тоа мора да се третира со антибиотици препишани од лекар, а за да го спречите неговото појавување избегнувајте студени пијалаци и одење боси.

Ако сепак се соочите со вакво воспаление додека сте на одмор, стомакот почесто загревајте го и изложувајте го на сонце.

Затоа, следен пат кога вашата мајка ќе ви каже дека треба да го пресоблечете мокриот костим за капење по бањањето, не се смејте, туку направете го тоа.

Исто така за да се заштитите од овие појави препорачливо е да земате многу пробиотици пред одморот и додека сте на одмор.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Route 66

Ова е целта што инвеститорот според бизнис планот и потпишаниот договор е должен да ја исполни – посочи Деспотовски. Според медиумите од Северна Македонија,...

Fine Living

Распространетиот коњанички имот има замок со осум спални соби и 150-години стара чуварска куќа. Двејн Џонсон се префрли во селата на Џорџија.Ентитет поврзан со...

Route 66

Повикувајќи се на добро информирани извори, Bloomberg објави дека Renault размислува да продаде дел од својот удел во Nissan за да собере неколку милијарди...

Fine Living

Домот на Ема Робертс покажува како да се создаде атмосфера на топлина и релаксација во со детали, бои и материјали.Актерката(и внука на Џулија Робертс)...

Advertisement