Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

11 промени кои се случуваат со женското тело во 20-те години

Во животот на една жена пубертетските промени и менопаузата не се единствените периоди кога настануваат големи телесни промени – таков е случајот и со вашите 20-ти.

11-telesni-promeni-niz-koi-minuva-sekoja-zena-vo-20te-01.jpg

Што точно се случува?

1. Вашите коски стануваат поцврсти

Според докторката Марија Софокле: „Цврстината на коските продолжува да се зголемува, па добро е да внимавате на вашата исхрана, односно да консумирате повеќе калциум и витамин Д“. Во овој период доста важно е да внимавате на развојот на вашите коски за времето кога ќе влезете во менопауза и многу нагло ќе започнете да ја губите коскената маса.


2. Вашата тежина најверојатно ќе започне секоја година малку да се зголемува

Вашата тежина континуирано започнува да се зголемува пред се затоа што вашиот организам започнува да зачувува поголеми количини на масти, но тоа не значи дека треба да дојде до брзи промени, туку постепени накачувања на килограмите.


3. На вашата кожа остануваат траги од сè што сте правеле досега

Ова посебно важи за тоа колку сте изложени на сончевите зраци, бидејќи она што во овој период го нарекувате тен, во подоцнежните години ќе бидат вашите брчки кои настанале како резултат на тоа колку долго сте се изложувале на сонце и сончале.


4. Вашиот менструален циклус станува предвидлив и константен

Докторката Карен Бојл тврди дека кога ќе навлезете во вашите 20-ти години, вашиот менструален циклус ќе стане поредовен пред се затоа што ви се зголемува потенцијалот за зачнување.


5. Може да имате повеќе акни

Бојл продолжува да објаснува дека како резултат на зголемувањето на плодноста  и лачењето на поголеми количини на естроген може да дојде до појава на акни кои најчесто ќе ви се јавуваат за време на менструалниот циклус.


6. Вашето либидо се зголемува

Со зголемувањето на хормоните се зголемува и вашето либидо, со еден исклучок – употребата на пилули.


7. Може да ви започне намалувањето на мускулното и коскеното ткиво

Вашиот метаболизам во оваа декада сè уште функционира одлично, но полека започнува да се забавува со минувањето на годините – за 2 до 4% при минувањето на секоја декада, започнувајќи од вашите 20-ти.


8. Вашите менструални болки може да се зголемат

Како резултат на зголеменото лачење на хормонот простагландин може да се зголемат и засилат менструалните болки.


9. Вашите брадавици може да го променат изгледот

Ова не мора да значи дека се случува на секоја девојка, но во основа брадавиците потемнуваат и се зголемуваат.


10. Вашата вагина може да изгледа послабо – посебно во делот на усните

Според докторката Бојл, кај жените во 20-те доаѓа до промена на дистрибуцијата на масти во телото, па вашите вагинални усни може да се намалат и општо да ги изгубите мастите околу вагината.


11. Може да добиете облини

Како што се намалува количината на масти околу вагината, односно како што доаѓа до промена на дистрибуцијата на масти, така сè повеќе ќе добивате облини. Мастите сега ќе се насочуваат кон вашите бутови и колкови.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Route 66

Ова е целта што инвеститорот според бизнис планот и потпишаниот договор е должен да ја исполни – посочи Деспотовски. Според медиумите од Северна Македонија,...

Fine Living

Распространетиот коњанички имот има замок со осум спални соби и 150-години стара чуварска куќа. Двејн Џонсон се префрли во селата на Џорџија.Ентитет поврзан со...

Route 66

Повикувајќи се на добро информирани извори, Bloomberg објави дека Renault размислува да продаде дел од својот удел во Nissan за да собере неколку милијарди...

Fine Living

Домот на Ема Робертс покажува како да се создаде атмосфера на топлина и релаксација во со детали, бои и материјали.Актерката(и внука на Џулија Робертс)...

Advertisement