Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Фитнес

Правете ги овие 3 вежби и гледајте како целулитот исчезнува

Станува збор за комбинација од древни ориентални техники и современи методи за ослободување од целулитот.

3-vezbi-za-namaluvanje-na-celulitot-po-recept-na-drevnata-kineska-medicina-01.jpg

Доволно ви е да одвоите само неколку минути дневно.


Вежба бр. 1

Првата вежба подразбира активирање на акупресурните точки и јазли.  Тие ги ослободуваат телото, лицето и емоциите од блокадите кои не дозволуваат истите да се релаксираат и ослободат.

На тој начин индиректно влијаете на каналите кои се причина за застојот во облик на целулит.

Застанете исправено, со раширени нозе во линија со рамениците и затегнете ги сите мускули во телото. Следно што треба да направите е да ги подигнете аглите на усните, така што со јазикот да го притискате непцето.

На два прста под папокот се наоѓа една од најважните точки според древната кинеска медицина и таа уште се нарекува „море од енергија“. Масирајте ја токму оваа точка во правец на движењето на часовникот.

На тој начин ја поттикнувате циркулацијата на водата во организмот, чиј застој ја предизвикува појавата на целулит.


Вежба бр.2

Испружете ги рацете пред себе и дланките стиснете ги во тупаници кои ќе бидат во висина на челото. Поврзете ги лактите, а брадата насочете ја кон градната коска.

Започнете да вдишувате длабоко и полека ширете ги рацете со тоа што паралелно градите ќе ги носите нанапред.

Притоа со прстите силно притискајте на средината на дланките за да ја активирате точката која максимално го релаксира нервниот систем. Додека ги ширите рацете гласно извикувајте „хааааааа“.

Според кинеската медицина тоа е космички звук на срцето кој ве ослободува од вишокот топлина и го отвора срцето.

Постапката повторувајте ја по 6 пати.


Вежба бр. 3

Оваа вежба е прилично едноставна и претставува најдобра техника за ослободување од целулитот, спречува застој на лимфната течност, ја затегнува кожата и ги зајакнува крвните садови.

Вежбата практикувајте ја еднаш во 14 дена. Пронајдете ја точката која се наоѓа отприлика дланка под колената на надворешната страна од нозете. Оваа точка тао мајсторите ја нарекуваат „златно зрно“.

Оваа точка поттикнува долговечност, релаксација и виталност. Неа ќе ја активирате доколку го правите следново:

Нозете поставете ги во ширина на колковите и започнете со удирање со дланките од надворешната страна тргнувајќи од бутовите па до глуждовите и потоа со удирање од внатрешната страна.

Удирајте доволно енергично ако сакате да постигнете резултати. Вежбата повторете ја 3-6 пати.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Route 66

Ова е целта што инвеститорот според бизнис планот и потпишаниот договор е должен да ја исполни – посочи Деспотовски. Според медиумите од Северна Македонија,...

Fine Living

Распространетиот коњанички имот има замок со осум спални соби и 150-години стара чуварска куќа. Двејн Џонсон се префрли во селата на Џорџија.Ентитет поврзан со...

Route 66

Повикувајќи се на добро информирани извори, Bloomberg објави дека Renault размислува да продаде дел од својот удел во Nissan за да собере неколку милијарди...

Fine Living

Домот на Ема Робертс покажува како да се создаде атмосфера на топлина и релаксација во со детали, бои и материјали.Актерката(и внука на Џулија Робертс)...

Advertisement