Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Фитнес

Колку треба да се движите за да гo намалите вишокот килограми?

Губењето килограми не секогаш мора да се состои од исцрпувачкото трчање или поминување на голем број часови во теретана.

Kolku-treba-da-se-dvizite-za-da-gi-namalite-visokot-kilogrami-01.jpg

Пешачењето може да да биде подеднакво ефективно доколку поминете доволно време во движење.

На пример, доколку пешачите со брзина од четири километри на час ќе потрошите 400 калории. Направите за мерење на чекорите може да ви бидат од голема корист при ова.

Со поминување на еден километар, што изнесува некаде околу 2.000 чекори, ќе согорите 100 калории. Еден килограм е еднаков на 3.500 калории.

За да изгубите еден килограм неделно, потребно е да согорувате по 500 калории дневно.

За почеток, пешачете по 15-20 минути дневно, трипати во неделата.

Со текот на времето можете да го зголемувате времето на пешачење, како што ќе почувствувате дека телото ви се навикнува на оваа активност.

Важно е на себе да имате удобни обувки кои во никој случај нема да ви нанесуваат болка и да го прават движењето непријатно.

Со текот на времето, ќе видите дека движењето ќе ви стане навика во која воопшто нема да вложувате труд, па килограмите самите ќе се намалуваат, а вие ќе се чувствувате повитални и полни со енергија.

Друг позитивен ефект од пешачењето, особено користен за бремените жени, е што времето поминато во движење, особено навечер, го подобрува квалитетот на сонот, па наутро ќе се чувствувате наспани дури и доколку сте спиеле помалку часови.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Route 66

Ова е целта што инвеститорот според бизнис планот и потпишаниот договор е должен да ја исполни – посочи Деспотовски. Според медиумите од Северна Македонија,...

Fine Living

Распространетиот коњанички имот има замок со осум спални соби и 150-години стара чуварска куќа. Двејн Џонсон се префрли во селата на Џорџија.Ентитет поврзан со...

Route 66

Повикувајќи се на добро информирани извори, Bloomberg објави дека Renault размислува да продаде дел од својот удел во Nissan за да собере неколку милијарди...

Fine Living

Домот на Ема Робертс покажува како да се создаде атмосфера на топлина и релаксација во со детали, бои и материјали.Актерката(и внука на Џулија Робертс)...

Advertisement