Kако што топлите денови ни се приближуваат,така почнуваат така почнуваат и грижите за телото кое во зимските денови малку сме го запуштиле.
Ако сте склони на таложење маснотии околу стомакот, ви предлагаме да си направите жешки облоги кои буквално ќе ги изгорат сите наслаги.
За овој домашен третман за слабеење потребно ви е:
- 1 лажица свежо изрендан ѓумбир или ѓумбир во прав
- Неколку кажици лосион за тело
- Пластична фолија
- Пешкир
- Еластичен завој
Подготовка и користење:
Пешкирот натопете го во топла вода и замотајте го околу деловите на кои сакате да ставате облоги и кои сметате дека имаат повеќе маснотии од вообичаеното. Оставете неколку минути за порите да се рашират.
Измешајте го ѓумбирот со лосионот и намачкајте го посакуваното место со подебел слој. Потоа замотајте неколку пати со пластична фолија. Преку фолијата ставете го ластикот, односно еластичниот завој.
Оставете ги облогите да делуваат 4 часа, а доколку можете да преспиете со нив би било одлично.
Благодарение на ѓумбирот ќе ви овозможи да се ослободите од видливите маснотии по телото, но не би било лошо и да го вклучите во исхраната ако сакате да изгубите уште неколку сантиметри во струкот.

You must be logged in to post a comment Login