Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Еве како да останете во форма овие денови, кога се движите помалку од вообичаеното.

Вежби за кои не е потребна специјална опрема или премногу време се идеални додека сте дома.

Деновиве веројатно само одите до маркет и остатокот од вашето време го поминувате на дезинфекција на сè во куќата, но треба да одвоите и малку време за себе.

Имаме добар предлог за вас, обидете се со „burpees“, вежба која подразбира изведување на неколку движења по ред, во основната верзија тоа се чучњеви и скок нагоре со испружени раце.

Ако правилно изведувате „burpees“, потребни ви се само десет минути на ден, секој ден, а резултатите ќе ги забележите многу брзо. Затоа оваа вежба е одлична за луѓе кои генерално се многу зафатени.

Дополнителна придобивка е што воопшто не ви треба додаток! Сè што ви треба е малку простор во собата за да можете да се истегнете на подот. Главната „алатка“ е вашето тело.

Кои се придобивките од „burpees“? Брзо зајакнување на мускулите на целото тело, согорување на голем број калории за краток временски период, подобрување на флексибилноста, јачината и издржливоста, подобрена координација и рамнотежа и позитивен ефект врз кардиоваскуларниот и респираторниот систем.

За почетниците, вежбите може да се направат без скок. Кога малку ќе влезете во форма, воведувате и скокови, кои треба да бидат што е можно повисоки.

И кога оваа вежба ќе ви стане навика, обидете се да го забрзате темпото и сторете го тоа што е можно побрзо, дајте си минута или две и направете повеќе повторувања.

За време на тренингот, исто така, обрнете внимание на дишењето: спуштање на телото надолу – вдишување, движење од подот – издишување, кревање на телото нагоре – вдишување, скокање нагоре – издишување.

Бидејќи ова е исклучително динамична активност, најубаво е да се прави наутро.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement