Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Чудотворниот витамин Д : Зошто ни е потребен?

Во денешно време, многу е важно да одржуваме рамнотежа во организмот и да го зачуваме имунолошкиот систем за борба против сите вируси. Витаминот Д игра многу важна улога во оваа борба.

Витаминот Д е важен за здравјето на секоја личност, а многу студии покажаа дека надополнувањето на истиот постојано може да спречи опасни заболувања како што се карцином, дијабетес и остеопороза. Витаминот Д е потполно бесплатен, бидејќи телото го создава во контакт со сончева светлина, но во текот на зимата скоро секое лице е дефицитарно.

Студиите покажуваат дека главните симптоми за недостаток на витамин Д се постојаниот замор, нервоза, чувство на не доволен мотив, депресија, мрзеливост, блед тен, не доволна способност за вршење обични работи, проблеми со концентрација и зголемен апетит. Можете да го земате витаминот Д како додаток во исхраната во текот на зимата, но и преку  храната која е во изобилство. Сардини, лосос, туна, јајца, млеко, рибино масло, скуша и печурки, овие намирници се богати со витамин Д, а експертите препорачуваат да се обидете да го фатите секој сончев зрак во текот на зимата и да го оживеете вашето тело со прошетка по природа.

Витаминот Д е исклучително важен витамин кој има моќни ефекти врз неколку системи во вашето тело. За разлика од другите витамини, витамин Д функционира како хормон, и секоја клетка во вашето тело има рецептор за тоа.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement