Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Зошто ни треперат очите?

Миокомија или играње на капакот на окото, во 90% од случаите не е сериозен медицински проблем и поминува сам од себе. Секак, ако тоа не се случи посетете го вашиот доктор. Ако треперењето престане, но се јавува многу редовно, обидете се да ги избегнувате следниве фактори:

Стрес

Стресот е главна причина за играње на очниот капак. Обично трае околу една недела или додека трае стресниот период во вашиот живот. Стресот е составен дел од животот, па затоа е важно да научиме како да се носиме со него на најдобар начин. Научете некои техники на опуштање, вежбајте, повеќе спијте и организирајте се подобро.

Кафе

Многу експерти сметаат дека стимулансите како кофеинот предизвикуваат треперење на очниот капак. Особено кога се користат неконтролирано. Ако неодамна сте конзумирале поголеми количества на кофеин, би било добро да го намалите. Внимавајте на количината на течности која ја внесувате во организмот, па додека пиете кафе секогаш пијте и чаша вода.

Недостаток на магнезиум

Недостатокот на минерали, најчесто на магнезиумот може да доведе до миокимија. Ако проблемот трае подолго време, проверете го нивото на магнезиум. Јадете спанаќ, бадеми или земајте додатоци во исхраната со овој минерал.

Суви очи

Претерано сувите очи можат да бидат последица на стареењето, носењето на контактни леќи, но може да се јават и како несакана последица на одредени лекови. Ако ова е причината за треперењето на очниот капак, користете вештачки солзи или капнете малку чиста ладна вода во око.

Напрегање на очите

Голем број на навики водат до напрегање на очите и треперење на очниот капак. Некои од најчестите причини се; излегување надвор во текот на летото без очила за сонце, избегнување на носење на очила со диоптер, ако имате потреба од нив, долго работење на компјутер. Запомнете дека очите мораат добро да се одморат!

Грчење на вилицата или „шкртање“ со забите

Многу луѓе ја грчат вилицата или „шкртаат“ со забите, особено во сон и тоа се нарекува „бруксизам“. Стоматолозите советуваат ако имате ваков проблем да користите штитници за заби. Во меѓувреме нежно масирајте ја вилицата. Така ќе ви се опушти лицето и ќе се ублажи проблемот.

Други потенцијални причинители

Сепак, понекогаш треперењето на капакот може да биде показател и на некој потежок медицински проблем. Хипогликемија, Паркинсова болест, Туретов синдром, како и на некој невролошки проблем. Па, ако сте се обиделе со сите претходно споменати совети и не ви помогнале, одете на доктор!

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

ајната на витката фигура на Џенифер Лопез лежи во неколку едноставни состојки. Поранешниот личен готвач на Џенифер Лопез откри како изгледа исхраната на познатата...

Green Tea

Ако ви се чини дека страста во врската малку се смирилa и рутината преовладала, можеби е време за мал пресврт. Добри вести? Не ви...

Green Tea

Кожата на деколтето е меѓу првите што покажува знаци на стареење. Кожата на вашето деколте, слично како и на вратот и рацете, е позната...

Green Tea

Доколку имате проблеми со варењето, најдобро е да вклучите повеќе од овој зеленчук во вашата исхрана. Многумина ќе бидат изненадени, бидејќи е познато дека...

Advertisement