Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Зошто имаме грчеви во мускулите?

Грчевите се основна контракција на мускулите, како и контракции со чија помош се поместуваат вашите мускули, но за разлика од обичните контракции, овие контракции се многу болни.

Кога мускулите се грчат, контракциите се непосакувани. За да дојде до контракција, нервот или група на нерви мора да бидат активирани. Некои иритации кои го активираат тој нерв и доведуваат до контракции и тогаш кога не сакаме.

Во нормални услови, по контракцијата на мускулите, мозокот праќа сигнал до мускулот да се опушти. Додека траат грчевите, сигналот за опуштање не е така јасен. Тогаш доаѓа до дисбаланс помеѓу активаторот и инхибиторот и контракциите продолжуваат сè додека не дојде до грч.

Не е познато зошто точно доаѓа до дисбаланс, но постои теорија дека мускулите кои се грчат едноставно се преморени.

Дехидратација

Ако сте дехидрирани, тогаш во телото се создава одреден дисбаланс, кој влијае на целотот тело, а не на еден мускул. Возможно е со дехидратацијата да се поврзани и недостатокот од некои минерали како што е калиум, магнезиум и калциум кои се одговорни за појава на грчеви, но тоа не е сигурно.

И лекарставата се важат

Некои лекарства наведуваат грчеви во мускулите како непосакуван ефект. Постои и генетска предиспозиција за чести грчеви, за кои сè уште не се знае доволно.

Топлина

Понекогаш грчевите се јавуваат и поради некои надворешни фактори кои инаку лесно би можеле да се избегнат, како на пример кога по топлиот ден на плажа, спиете со откриени нозе. Добра работа е тоа што повеќето грчеви може да се отстранат со масажа или истегнување и не траат подолго од неколку минути. За грчевите не треба многу да се грижите. Најлошо што може да ви се случи е да траат неколку дена. Во ретки случаи грчевите можат да бидат сигнал на некое сериозно заболување, како што се повреда на ‘рбетниот мозок или некој нерв. Ако често имате грчеви, обратете се на лекар.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement