• Сподели на:

За рамен стомак: Свеж детокс коктел од ѓумбир, авокадо и спанаќ

___

Одморете го и освежете го организмот со овој вкусен коктел…

Со цел да дојдете со саканата телесна тежина и рамен стомак, од голема помош ќе ви биде една чаша од овој чудотворен коктел наутро, пред било што да испиете или изедете.

Погледнете го рецептот и со леснотија направете природен препарат со помош на кој ќе стигнете до саканите резултати.

Состојки:

* 1 лажица изрендан ѓумбир

* 1 чешне лук

* 1 лажица јаболков оцет

* 1 лажица мед

* грст нане или магдонос

* половина авокадо

* пола шолја вода

* 30гр спанаќ

Подготовка:

Добро измијте го зеленчукот, излупете го авокадото и исечете го на коцки. Најпрво измешајте ги сите состојки освен медот и ѓумбирот со блендер, потоа додадете ги медот и ѓумбирот, па измешајте уште малку.

Овој здрав, природен коктел треба да го пиете наутро пред појадок.


Оставете коментар

___