Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

За 10 секунди бакнување се разменуваат 80 милиони бактерии

Бакнувањето помага на партнерите да споделат бактерии, што го зајакнува нивниот имунолошки систем и им помага полесно да ги пребродат болестите, тврдат научниците.

За време на бакнеж, кој трае само 10 секунди, се разменуваат 80 милиони бактерии, велат холандски биолози, пишува  “Дејли Меил”.Споделувањето на овие бактерии значи дека и двајцата партнери можат да се борат со инфекциите кои можат да си ги предадат еден на друг.

Луѓето пренесуваат трилиони бактерии во своето тело. Собрани заедно овие микроорганизми формираат микробиоти. Тоа е комплекс од микроби, кој имаат важна улога за варењето на храната и заштитата од инфекции.

Ремко Кортни од Холандската организација за применети научни истражувања рече дека неговиот тим открил еволутивна причина луѓето да се бакнуваат. Откако истражувале 21 парови, тие откриле дека бакнежите придонесуваат за создавање на заедничка микробиоти.”Бакнежи со јазик и размена на плунка се единствени за луѓето и се среќаваат меѓу 90% од културите во светот. Сегашните објаснувања за функциите на бакнежите со јазик имаат важна улога за микробиотатите во усната шуплина, иако можеби не се спроведени истражувања на ефектите од бакнежите со јазик за усниот микробиот “, вели тој.

Паровите кои се бакнуваат со јазик по 9 пати на ден, имаат многу сличен микробиот. Тоа значи дека тие се многу подобро подготвени да се справат со инфекции.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement