Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Видео: Имате болки во грбот од седење? Решите проблемот за 60 секунди

Осум или повеќе часови на работната маса лошо влијаат врз вашиот `рбет. Болките во долниот дел од грбот исто така стануваат секојдневна појава со која се борат се` повеќе луѓе. Доколку чувствувате непријатна болка за време на работното време издвојте 60 секунди и решете го овој проблем.

Притисокот и болката во долниот дел од грбот е честа појава. Болките се појавуваат поради лошо држење и оптоварување на долниот дел од карлицата, но и поради грч во телото предизвикан од стрес и умор.

За моментално ублажување на болката испробајте една кратка вежба со дишење која го опушта телото и го намалува чувството на притисок во лумбалниот дел.

Вежби за дишење против болки за 60 секунди

1. Седнете и заземете удобна положба. Затворете ги очите и обидете се да се опуштите.

2. Врвот на јазикот потпрете го веднаш позади горните предни заби.

3. Вдишете низ сон полека во траење од 4 секунди, задржете го здивот броејќи до седум и полека издишувајте низ уста броејќи до 8, произведувајќи тивок звук на олеснување.

4. Постапката повторете ја уште три пати.

Вежби пред спиење од 60 секунди

Секоја вечер пред спиење додека лежите во кревет, направете истегнување од 60 секунди.

1. Легнете на стомак и потпрете се на подлактици.

2. Горниот дел од телото подигнете го така што ќе се потпрете на лактите, подигнете ја и главата, задржете ја положбата 8 секунди и вратете се во почетната позиција. Вежбата повторете ја два пати.

3. Легнете на грб и свиткајте ги колената, а рацете испружете ги покрај телото. Подигнете ја карлицата во рамна положба, останете така осум секунди и вратете се во првобитната позиција.

4. Останете да лежите на грб и соберете ги нозете, свиткајте ги во колена, опфатете ги со рацете и повлечете кон градите. Останете во таа позиција осум секунди, па вратете се во првобитната позиција. Вежбите повторете ги два пати.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

ајната на витката фигура на Џенифер Лопез лежи во неколку едноставни состојки. Поранешниот личен готвач на Џенифер Лопез откри како изгледа исхраната на познатата...

Green Tea

Ако ви се чини дека страста во врската малку се смирилa и рутината преовладала, можеби е време за мал пресврт. Добри вести? Не ви...

Green Tea

Кожата на деколтето е меѓу првите што покажува знаци на стареење. Кожата на вашето деколте, слично како и на вратот и рацете, е позната...

Green Tea

Доколку имате проблеми со варењето, најдобро е да вклучите повеќе од овој зеленчук во вашата исхрана. Многумина ќе бидат изненадени, бидејќи е познато дека...

Advertisement