Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Вежбате, но не слабеете, каде грешите?

Постојано слушате и читате дека за да ослабете мора да вежбате. Се зачленувате во теретана, одите секој ден, но резултати нема.

Мора да правите некоја од следниве грешки:

1. Јадете погрешна храна

Првата причина се наоѓа во вашата кујна. Многу луѓе обрнуваат повеќе внимание на тоа како ќе ги потрошат калориите, отколку каква храна внесуваат во организмот. Диетата секако зависи од вашиот метаболизам и потребите, но важно правило е исхраната да се состои од здрави и свежи производи. Во деновите кога не вежбате внесувајте повеќе зеленчук, избегнувајте преработена храна, шеќер и леб.


2. Правите премногу кардио вежби

Кардио вежбите се неопходни. Тие го забрзуваат метаболизмот. Но, премногу кардио вежби како последица ги навикнуваат мускулите на издржливост, а со тоа го забавуваат губењето килограми. Исто така, кардио вежбите може да предизвикаат глад, со што ризикувате да земете нешто непотребно за грицкање.


3. Не кревате тегови

Многумина се плашат дека со кревањето тегови ќе ги зголемат мускулите, но тоа не мора да биде така. Без тегови, тешко ќе ослабете, бидејќи колку повеќе мускули имате, толку повеќе калории ќе согорите.


4. Не се одморате

Колку и да сте мотивирани да ослабете, секојдневниот тренинг нема да ви помогне во тоа. За вежбите да имаат ефект, мора на мускулите да им дадете време да одморат. Направете си распоред, еден ден интензивен тренинг, еден ден кардио вежби, еден ден одмор.


5. Премногу вежбате

Многу време поминато во теретана не значи и фит тело. Ако не сте професионален спортист не би требало да вежбате повеќе од еден час дневно. Правило до кое треба да се придржувате е: Колку е појак тренингот, толку пократко треба да биде времето поминато во теретана.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

ајната на витката фигура на Џенифер Лопез лежи во неколку едноставни состојки. Поранешниот личен готвач на Џенифер Лопез откри како изгледа исхраната на познатата...

Green Tea

Ако ви се чини дека страста во врската малку се смирилa и рутината преовладала, можеби е време за мал пресврт. Добри вести? Не ви...

Green Tea

Кожата на деколтето е меѓу првите што покажува знаци на стареење. Кожата на вашето деколте, слично како и на вратот и рацете, е позната...

Green Tea

Доколку имате проблеми со варењето, најдобро е да вклучите повеќе од овој зеленчук во вашата исхрана. Многумина ќе бидат изненадени, бидејќи е познато дека...

Advertisement