Финските научници не ја криеле возбудата кога сфатиле дека можат да предвидат кои здрави личности имаат најголем ризик од смрт во блиска иднина.
”Тестот на смртта” врз основа на четири клучни биомеркери во телото може да предвиди дали за пет години ќе бидете меѓу живите или не. Според прегледот на крвта во овој тест, кај луѓето чии биомаркери не се во ред, иако немале никакво заболување, постоела поголема шанса за можна смрт во период од пет години.
-Особено е интересно што овие биомаркери го одразуваат ризикот од смрт од различни видови заболување како што се срцеви заболувања и рак. Тие се изгледа знакови на општа слабост во телото – вели Д-р Јоханес Кетунен од Институтот за молекуларна медицина во Финска.
Кетунен верува дека во иднина ваквите тестови ќе може да се користат за да се спасат луѓето кои изгледаат здраво, но кои всушност имаат големи шанси да заболат од смртоносни болести.
Британскиот магазин ” Daily Telegraph”, објаснува дека биомаркер е биолошки молекул кој се наоѓа во крвта, телесните течности и ткива, кој има способност да укаже на абнормални процеси во телото и разни болести.
Нивото на одредени биомаркери укажуваат на ризикот од заболување кај пациентот или неговата веројатна реакција на лекувањето. На пример, нивото на холестеролот се мери за да се утврди ризикот од срцеви заболувања.
Научниците ги проучувале примероците на крв на 17.000 генерално здрави лица, користејќи повеќе од 100 ралични биомеркери, а потоа овие луѓе ги следеле наредните пет години. Во тој период починале 684 луѓе од разни болести, вклучувајќи рак и кардиоваскуларни болести. Научниците откриле дека сите кои починале имале слично ниво на четири главни биомаркери.
Тоа се албумин, алфа-1 – ацид гликопротеин, цитрат и голем број разредени честички липопротеин. Овие биомеркери се поврзани со функциите на црниот дроб и бубрезите, воспаленија и инфекции, енергија на метаболизмот и васкуларното здравје.



You must be logged in to post a comment Login