Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

SÜTAŞ ЈА ПРОШИРИ ПАЛЕТАТА НА ПРОИЗВОДИ ВО МАКЕДОНИЈА – НОВИОТ 100% ПРИРОДЕН SÜTAŞ ПУТЕР Е ДОСТАПЕН ЗА ПОТРОШУВАЧИТЕ

Sütaş ја прошири палетата на производи во Македонија. Неодамна, на македонскиот пазар Sütaş го претстави својот нов производ – природниот Sütaş путер.
Произведен од 100% природно и високо-квалитетно млеко, Sütaş путерот го подобрува вкусот на секој оброк благодарение на своите нутритивни вредности. Во млечната индустрија Sütaş е препознатлив по својата експертиза и претставува синоним за квалитет. Пробајте го Sütaş путерот и веднаш ќе ја почувствувате разликата – отсега Вашите омилени јадења ќе бидат уште повкусни.
Препознатлив по елегантниот дизајн и уникатното пакување, Sütaş путерот можете да го најдете на полиците во сите маркети ширум Македонија, во пакување од 250g и 500g.
Освен на македонскиот пазар, Sütaş путерот ќе се најде на полиците и во Косово.
За Групацијата Sütaş
Sütaş претставува водечки бренд во млечната индустрија во Турција речиси една деценија и е рангиран меѓу најдобрите 50 индустриски корпорации со промет од околу 1 милјарда долари. Тој е посветен на млечната индустрија од 1975 година. Своето производство во Македонија Sütaş го започна пред 10 месеци во фабриката во Скопје.
За да обезбеди најдобар квалитет на своите производи, Sütaş постојано инвестира во иновации, ја користи најновата технологија и експертиза заснована на големото искуство и вештината на своите вработени. Интегрираниот бизнис модел на Sütaş е гаранција за квалитетот и природниот вкус на производите.
Од 2013 година, на глобално ниво, Групацијата Sütaş обезбедува вработување на 4000 луѓе, нуди 70 различни видови млечни производи и располага со производствен капацитет од 3 милиони литри во 4 производствени фабрики во Турција, Македонија и Романија. (За повеќе информации ве молиме посетете ја веб страната www.sutas.mk).

 

MTR0314001 A3 MK

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement