Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Спречете го оштетувањето на кожата: Дознајте кој тип е вашата кожа и како да ја заштитите од сонце!

Во зависност од карактеристиката на кожата, вашата потреба од заштита од сонце и нега ќе бидат различни. Прочитајте ги советите и ќе дознаете каков тип на кожа имате.

Оштетувањето на кожата не се случува наеднаш – секое изложување на сонце се собира, па така и изгорениците. Едноставно кажано: секогаш мора да се заштитувате од сончевите зраци! Често ги споменуваме светлите или темните типови на кожа, но многу од нас не се сигурни на кој тип припаѓаат.

Во зависност од карактеристиката на кожата, вашата потреба од заштита од сонце и нега ќе бидат различни. Ви носиме неколку совети со кои ќе дознаете каков тип на кожа имате. Типот на кожата покажува како вашата кожа реагира на сонце веќе со првото изложување: дали се појавува изгореници или кожата потемнува? Типот на кожата се дефинира со помош на различни карактеристики како боја на коса или колку ви е светол тенот. Кожата се дели на четири различни типови:

Тип на кожа 1

– светла кожа, често со пеги, плава или црвена коса, плави или зелени очи, кожа која е преосетлива на сонце, не потемнува, туку црвенее, време на самостојна заштита три до десет минути.

Доколку го имате овој тип на кожа, нема да ви појде од рака потемнувањето. Користете лосион за самопотемнување доколку сакате да добиете потемен тен. Факторот за заштита не смее да биде помал од 30. Имајте на ум дека нема целосно да ве заштитат ниту производите со највисок фактор (50+). Тие всушност нема да ви обезбедат 50 пати подолга изложеност на сонце, туку посилна заштита за краток период. Времето на делување независи од висината на факторот!

 

Тип на кожа 2

– светла кожа, но малку потемна од тип 1, плава до темно плава коса, плави очи, кожа осетлива на сонце, полека потемнува и склона е кон изгореници, време на самозаштита 10-20 минути. Се препорачува користење барем на фактор 15.

 

Тип на кожа 3

– малку потемен тен, темно плава до смеѓа коса, за секаква боја на очи, кожа малку осетлива на сонце, лесно и брзо потемнува, време на самозаштита 20-30 минути. Со овој тип на кожа најголем дел од нас се карактеризираат – дури 78% од популацијата. Иако времето на самозаштита трае и до половина час, тоа не значи дека не може и претходно да изгорете. Обавезно нанесете заштитен фактор.

 

Тип на кожа 4

– смеѓа коса, темно смеѓа или црна коса, темни очи, јака кожа, брзо и длабински потемнува, време на самозаштита 40 минути. Поради јакиот пигмент, лицата кои припаѓаат на овој тип на кожа може да се здобијат со изгореници после 40 минути. Нив им се препорачува фактор 6.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement