Наместо да испиете чаша топло млеко навечер пред спиење, обидете со со аеробик. Американските научници докажаа дека аеробикот е доволно ефикасно средство за лекување или барем намалување на несоницата.
Во северозападниот универзитет во Илионоис било спроведено истражување на возрасни луѓе со седечки начин на живот, од кои повеќето биле над 55 години. Тие страдале од несоница и затоа биле подложени на третман: некои од нив практикувале аеробик вежби во текот на 18 недели, додека други оделе на курсеви за готвење.
На крајот од наведениот период, оние кои се занимавале со активно движење немале проблеми со заспивањето и општата здраствена состојба, имале помалку симптоми на депресија и поголема виталност.
Околу 1/5 од населението страда од проблеми со спиењето, а дури 40% од повозрасните имаат имаат проблем да заспијат. Недоволниот или слабо квалитетниот сон остава белег на целото секојдневие, го зголемува ризикот од разни заболувања и ја намалува работоспособноста.
You must be logged in to post a comment Login