• Сподели на:

Нема подобра! Диета со зелен чај и млеко за почистување и слабеење

___

Секое утро милиони луѓе го започнуваат денот со шоља топол чај. Некои со шеќер, некои без, некои зелен, некој црн. Тие знаат дека чајот е корисен, но не знаат сите за квалитетите на зелениот чај. Многумина немаат слушнато за чајна диета, диета со зелен чај и млеко.

Диета со зелен чај и млеко

Диетатат со млеко и зелен чај највеќе е популарнa помеѓу оние кои сакаат да ослабат и потоа да ја одржуваат својата тежина во нормала. Млекочајот не само што е вкусен пијалок кој не прави да не чувствуваме глад, туку е одличен и за чистење и детоксикација на целиот организам од токсини. За еден ден со диетата со млеко и чај можете да изгубите од 0,5 до 2 килограми тежина (вишок на течности во организмот ).

Диетата со млекочај се препорачува да се држи еден ден, не повеќе од два пати месечно. Контраиндикации : нетолеранција на млеко, болести на бубразите и жолчната кеса и низок притисок. Ако имате некоја хронична болест, консултирајте се со вашито лекар.

За рецептот на диетата со млеко и чај ни е потребно :

1,5 литар немасно млеко,

2 лажици зелен чај

Наша препорака е вистинскиот зелен чај да го набавите во продавница за здрава храна, не користете чај во филтер кесички, бидејќи нема да осетите никаков ефект. Во сварено и потоа оладено млеко до 70 степени ( ова е важно – млекото не смее да биде млако, туку вруќо ) додадете 2 лажици зелен чај. Покријте  го и оставете да одстои 20 минути. Потоа исцедете го и испијте. Млеко-чајот пијте го во текот на денот по една чаша на секои 2 часа. Чајот со млекото се апсорбира одлично, бидејќи чајот го олеснува варењето а млекото ги ублажува ефектите на кофеинот. Во меѓувреме пијте негазирана вода. Водата треба да се пие по најмалку 2 литра на ден, обавезно, бидејќи млекото и зелениот чај е силен диуретик, а водата ја контролира рамнотежата во организмот. Исто така глад нема да почувствувате, затоа што млекото го ослободува организмот од осетот за глад.

 


Оставете коментар

___