Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Лажичка шеќер за намалување на стресот

Психолозите открија дека засладените пијалоци ги прават луѓето помалку агресивни и нервозни. Се смета дека шеќерот му дава енергија на мозокот и му е неопходна да ги задржи нервните импулси под контрола, штити од напади и кога се наоѓаме под притисок.

“Кога се соочуваме со провокација, консумацијата на засладени напитоци може да ја зголеми способноста за ефективно да се потиснуваат агресивните импулси. Исто така консумирањето засладени пијалоци по напнат работен ден може да ја намали агресијата помеѓу семејните членови или при возењето автомобил“, истакнуваат научниците.

Смирувачкиот ефект на засладените пијалоци бил откриен од австралиски психолози кои дале лимонада на група мажи и жени. Некои биле засладени со шеќер а останатите со вештачки засладувач.

Волонтерите биле подложни на стресни ситуации по кои требале да завршат со говор. Откако го направиле сето тоа нивниот говор бил подложен на разочарувачки коментари. Оние кои пиеле лимонада засладена со шеќер биле помалку изнервирани од коментарите, покажуваат податоците од истражувањето објавено во Journal of Experimental Social Psychology.

Научниците сметаат дека мозокот има потреба од шеќер или гликоза за да може посоодветно да ги контролира активностите.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement