Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Кофеинот го забавува менталниот развој на тинејџерите

Според една неодамнешна швајцарска студија, внесувањето на кофеин во организмот преку кока-кола, енергетски пијалаци или кафе, го забавува развојот на мозокот на тинејџерите.

Бидејќи кофеинот ве одржува будни,  недостатокот од спиење го спречува правилниот развој на телото за време на адолесценцијата, со што се зголемува ризикот од шизофренија, анксиозност и други ментални нарушувања.

Една лименка енергетски пијалак содржи 80 мг кофеин, а една чаша Кока-Кола или Пепси е составена од околу 50 мг од оваа супстанција.

Експертите велат дека еден здрав човек може да внесува максимум 400 мг кофеин на ден, а тоа што ги загрижува  нив е фактот дека просечен тинејџер троши 70 проценти повеќе од оваа супстанција во однос на осумдесеттите години на минатиот век. Затоа се препорачува овие пијалаци, поради ризикот по менталното здравје, целосно да  не се  употребуваат, или  внесувањето да се сведе  на минимум, особено во адолесценцијата, кога мозокот е најранлив, бидејќи  се уште се развива.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement