Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Како да знаете дека со вашите хормони нешто не е во ред

На сите може да им се случи да се чувствуваат уморно, надуено и мрзоволно… Но како да знаете дали е потребно да го посетите лекарот и да ги направите потребните тестирања?

ИСЦРПЕНОСТ

Ако сте уморни после испитниот рок или ноќните смени, со вас најверојатно е се’ во ред. Но ако константно се чувствувате исцрпено и вашата телесна тежина се зголемува без да ви се промени апетитот, можно е да имате хипотиреодизам. Секому може да му се случи да биде уморен одвреме-навреме, но ако ви се чини дека вашиот умор нема објаснување, тогаш би требало да посетите лекар.

ПРОМЕНА НА КОЖАТА

Да, повторно сте се исипале со акни. Ако станува збор за мали мозолчиња, можно е тие да биле предизвикани од нечистотија на кожата. Меѓутоа, појавата на (цистични) акни на долниот дел од лицето може да укажува на ниско ниво на тестостерон. За среќа, во поголемиот број случаи помагаат лековите, а хормоните со нивна помош се стабилизираат, па така и вашата кожа има можност да се исчисти.

ВЛАКНАТОСТ

Ако „преку ноќ“ ви потемнат влакненцата на брадата или започнат да се појавуваат на градите, грбот или рацете, многу е можно да ви е покачен тестостеронот. Најдобо би било да направите анализа на крвта за да се утврди причината за проблемот.

НЕРЕДОВНИ ЦИКЛУСИ

Овој проблем може да укажува на стрес, проблем со штитната жлезда, ниско ниво на естроген или полицистични јајници. Полицистичните јајници се лекуваат со хормонска терапија, урамнотежена исхрана и редовна физичка активност.

НОЌНО ПОТЕЊЕ

Освен ако во вашата соба не е жешко, будењето во текот на ноќта поради жештина и потење може да биде резултат на ниско ниво на естроген и нередовна овулација или перименопауза.

Перименопаузата се јавува 10 години пред менопаузата и се одликува со нередовен циклус. Ако ви се чини дека претерано се потите без причина, обратете се на лекар.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

ајната на витката фигура на Џенифер Лопез лежи во неколку едноставни состојки. Поранешниот личен готвач на Џенифер Лопез откри како изгледа исхраната на познатата...

Green Tea

Ако ви се чини дека страста во врската малку се смирилa и рутината преовладала, можеби е време за мал пресврт. Добри вести? Не ви...

Green Tea

Кожата на деколтето е меѓу првите што покажува знаци на стареење. Кожата на вашето деколте, слично како и на вратот и рацете, е позната...

Green Tea

Доколку имате проблеми со варењето, најдобро е да вклучите повеќе од овој зеленчук во вашата исхрана. Многумина ќе бидат изненадени, бидејќи е познато дека...

Advertisement