Сексуално преносливите инфекции лесно се пренесуваат преку сексуалниот чин. Тоа може да биде преку вагинален, анален или орален секс, како и при допирање на гениталиите.
Со овој проблем се соочуваголем дел од популацијата, пред сѐ поради тоа што некои не се свесни дека се носители на одредена инфекција и не чувствуваат било какви симптоми. За разлика од нив, кај некои, сексуално преносливите инфекции се манифестираат преку исцедок од пенисот, рани, болка, оток на тестисите, печење на мочните канали при мокрење.
Сексуално преносливите болести се многу опасни, дел од нив можат да им наштетат на срцето, мозокот и останатите делови од телото.
Како да се заштите?
Избегнувајте секс. Научете да ги контролирате своите потреби, пред да биде доцна.
Не ги менувајте често партнерките. Најдобар начин да имате редовен и безбеден секс е да внимавате на своите партнерки.
Редовно користете кондоми. Користењето кондоми нема да го намали вашето уживање. Тие се изработени од супстанции кои го спречуваат пренесувањето на сексуално преносливите болести доколку се употребуваат правилно.
Разговарајте со вашиот партнер за сексуално преносливите болести и поставете правила. И вашиот партнер треба да биде запознаен со последиците од небезбедниот секс. Укажете ѝ на другата страна дека тоа е за ваше добро.
Доколку сте носители на сексуално пренослива инфекција, консултирајте се со вашиот доктор што поскоро.
Како што напоменавме во третата потточка, треба редовно да користите кондоми, но важно е да знаете како правилно се користат.
Ова се нашите совети:
Чувајте ги кондомите на ладно и суво место.
Пред да ги отворите добро проверете го датумот, да не се премногу стари и проверете дали паковката е оштетена.
Отворете ги внимателно.
Повторно проверете дали кондомот е расцветан или премногу леплив (не треба да е во таква состојба).
Не користете други средства кои можат да го оштетат кондомот (лосион, вазелин).
Не користете ист кондом, доколку тоа го правите на различни места (вагинално и орално)
Откако ќе се случи ејакулацијата, не го користете повторно истот кондом.

You must be logged in to post a comment Login