Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Храна која се бори против мастите

Честопати оние подебелките се изложуваат на ригорозни диети надевајќи се дека така ќе изгубат некој килограм. Поголемиот дел од нив (иако и екстремно слаби луѓе може да имаат масти), имаат масти над дозволената граница, кои му штетат на човечкиот огранизам. Најдобро би било тоа да се регулира со храна која ќе го забрза метаболизмот, што ќе овозможи побрзо согорување на мастите. Во тој поглед помагаат следниве видови на храна:

Зеленолисни растенија, како на пример спанаќот се добри извори на моќ. Истражувањата покажуваат дека нивната висока концентрација на витамини и антиоксиданси помага во намалување на гладта, истовремено пружајќи заштита од срцеви заболувања, рак, катаракта и губење на меморијата.

Мешункасти растенија, како на пример гравот, помагаат во стабилизирање на шеќерот во крвта. Тие исто така содржат голем процент на калиум, клучен минерал кој ја намалува дехидрацијата, ризикот од висок крвен притисок и мозочен удар.

Лук и кромид. Ова дуо на храна помага во разбивање на масните наслаги во телото, го намалува холестеролот, убива многу вируси, бактерии, габични инфекции и заштитува од срцеви заболувања.

Цимет. Според истражувања спроведени од Министерството за земјоделство на САД, додавањето една четвртина или цела мала лажичка цимет во чај, кафе или млеко, 20 пати повеќе ја забрзува работата на метаболизмот.

Ленено семе или масло од ленено семе. Овој вид на семе и маслото од него ги раствораат отровите кои се наоѓаат во масните ткива на телото. Откако ќе ги растворат, тие помагаат и во нивното исфрлање надвор од човечкото тело.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement