Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

ДУКАН ДИЕТА: Хит меѓу светскиот џет сет

Диетата која ја создаде доктор Дукан, највлијателниот и најчитаниот нутриционист на светот, стана вистински хит во светот. Поддржувачи на овој начин на исхрана се принцезата Кејт и нејзината сестра Пипа Мидлтон, Жизел Бундхен и латино дивата Џенифер Лопез.

Нутриционистичкиот пристап на исхрана базиран на протеини, кој го осмислил францускиот лекар, нутриционист и диететичар Пјер Дукан (Pierre Dukan), досега го пробале повеќе од 3 милиони Французи кои го оцениле како најбрзиот пат за губење на вишокот килограми и одржување на новата телесна тежина.

1

Дукан диетата, односно единствената Дукан метода, предвидува план за здрава исхрана кој се базира на методите кои ги применувал човекот уште кога бил во развојна фаза на ловец. Тоа вклучува 100 намирници, од кои 72 се од животинско, а 28 од растително потекло и доколку се придржувате до тие намирници, можете да јадете колку што сакате.

2

Оваа научно заснована и балансирана диета, која дава неверојатно добри резултати, се спроведува според единствена програма која се состои од четири фази. Во првите две фази се топат килограмите, а во следните две се спречува враќањето на изгубените килограми.

Првата фаза „фаза на напад“ ви дозволува да јадете колку што сакате, избирајќи од 72те оброци, додека во втората фаза „фаза на пловидба“ продолжувате да јадете оброци богати со протеини, но со додаток од 28те видови зеленчук.

3

Во третата „фаза на консолидација“ постепено додавате овошје, леб, сирење и скроб, губејќи по 10 килограми секои 10 дена, а во последната фаза „фаза на стабилизација“ можете да јадете што сакате следејќи неколку едноставни правила, кои нема да дозволат да ја вратите старата телесна тежина.

Диетата која ја создаде доктор Дукан, највлијателниот и начитаниот нутриционист на светот, претставува кулминација на неговото 35 годишно клиничко искуство при помагање на луѓето да ја постигнат и да ја одржат посакуваната телесна тежина.

idealna-telesna-tezina-za-zene

Книгите „Дукан диета“ и „Најдобри рецепти“, освен фантастичниот успех кој го постигнаа во Франција, преведни се на 14 јазици и објавени се во близу 40 земји, а 12 години после првото издание станаа најпродавани после книгите „Хари Потер“.

Бројни светски авторитети се сложуваат во оцената дека Дуковата метода е најефикасна во борбата против еден од најголемите здравствени проблеми на современиот свет, а привлечени од вечниот сон за витка фигура, според Дукановата диета живеат и бројни познати личности меѓи кои се принцезите Кејт и Пипа Мидлтон, како и светските ѕвезди Жизел Бундхен и Џенифер Лопез.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement