Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Доколку се обидувате да симнете некој килограм, избегнувајте ѓи овие видови на овошје и зеленчук

Иако е секогаш здраво да ги имаате во секојдневна исхрана, некои видови храна, подобро е да се избегне ако сакате да  ослабнете.

Овошјето и зеленчукот спаѓаат во здравата група на намирници кои треба да ги конзумирате секојдневно,  но сепак тоа не значи дека секој вид може да го јадете во неограничени количини. Ова важи особено за оние кои се на диета .

Сушено овошје

Ова овошје е здраво, но сепак поради специфичниот процес во кој неговата вода се вади станува збор за доста калорична намирница. Во 100 грама суво грозје имаме 500 калории, па уживањето во истото треба да го сведете на минимум.

Конзервирано овошје

Во процесот на конзервирање се додава адитиви и шеќери кои ја зголемуваат калориската вредност. Понекогаш поедноставно се наоѓа конзервирано тропско овошје , отколку истото во свежа варијанта. Имајте во предвид дека 100 грама ананас има околу 50 калории, а истиот конзервиран дупло повеќе.

Авокадо

Во ова зелено тропско овошје се наоѓаат есенцијални масни киселини кои го чуваат срцето, но во 100 грама авокадо се наоѓаат 160 калории, што на пример е 4 пати повеќе од една јаболка. Што попрво би изеле ??

Сладок компир

Слаткиот компир е добар извор на витамин а и ц, како и други хранливи состојки. Во негови 100 грама се наоѓаат  86 калории доколку е варен, но доколку сакате да додадете млеко како за пире неговата бројка расте дупло. Место ова конзумирајте зелен лиснат зеленчук кој има само 20 калории на 100 грама.

Индустриски сокови од овошје и зеленчук

Природни сокови се добро решение за оние кои немаат време да конзумираат свежи плодови. Меѓутоа пред купување на истите прочитајте ја декларацијата. Во индустриските соково се наоѓаат многу скриени шекери и сол кои ја зголемуваат калориската вредност.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

ајната на витката фигура на Џенифер Лопез лежи во неколку едноставни состојки. Поранешниот личен готвач на Џенифер Лопез откри како изгледа исхраната на познатата...

Green Tea

Ако ви се чини дека страста во врската малку се смирилa и рутината преовладала, можеби е време за мал пресврт. Добри вести? Не ви...

Green Tea

Кожата на деколтето е меѓу првите што покажува знаци на стареење. Кожата на вашето деколте, слично како и на вратот и рацете, е позната...

Green Tea

Доколку имате проблеми со варењето, најдобро е да вклучите повеќе од овој зеленчук во вашата исхрана. Многумина ќе бидат изненадени, бидејќи е познато дека...

Advertisement