Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

До подобра меморија со какао

Со текот на годините и процесот на стареење луѓето постепено започнуваат да ја губат меморијата. Новата студија на Медицинскиот центар при универзитетот од Колумбија покажа дека консумацијата на какао може да ги спречи овие промени во мозокот.

Претходните истражувања открија дека нормалното намалување на когнитивната функција е поврзано со промени во оној дел на хипоталамусот кој е задолжен за формирање на нова меморија.

-Пронаоѓањето на врската меѓу причината и последицата беше главен мотив на студијата, но во меѓувреме откривме дека примената на какао може да го подобри помнењето, па дури и да ја поврати меморијата која се губи како резултат на стареењето, вели професор Скот Смол, водач на истражувањето.

За време на последната студија научниците го истражуваа влијанието на флаванолите од какаото врз делот од хипофизата задолжен за меморијата. Триесет и седумте испитаници биле поделени во 2 групи од кои едната консумирала повеќе флаваноли (900 мг на ден), а другата помалку (10 мг на ден) во период од 3 месеци. По завршувањето на истражувањето е утврдено дека оние кои земале поголемо количество флаваноли имале поголема циркулација на крв во хипофизата како и 33 проценти подобрување на меморијата, за разлика од оние кои консумирале помалку флаваноли.

-Ако испитаникот на почетокот од истражувањето имал меморија типична за 60-годишен човек, по три месеци меморијата му се подобрила како на 40-годишник, стои во студијата.

Тимот на научници планира да го повтори истражувањето, но овој пат со поголема група на испитаници со цел подобро да го анализира влијанието на флаваноли како и кое е оптималното количество кое што треба да се консумира за да има позитивни резултати по меморијата.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement