• Сподели на:

Балансирана тежина

___

Откако сте успеале да постигнете да се доведете себе си на тежина која ви прави задоволство вашиот следен чекор е да ја одржите таа тежина најдобро што знаете и умеете. Ова најчесто може да биде најтешкиот дел. Сепак постојат неколку нешта кои можете да ги направите кои ќе ја намалат можноста да ги вратите тешко изгубаните килограми.

Едно од нештата кои треба позитивно да ги прифатите и да се придржувате е вашата спремност да водите поздрав живот, а тоа би значело вежбање и здрав начин на исхрана.

 

Регулирана постојана исхрана

За да ја задржите тежината треба да се придржувате кон тоа да не прескокнувате оброк. Истражувањата покажуваат дека навиката на телото во одреден термин да му се дава храна декува фантастично на здравјето и го подобрува метаболизмот. На пример ако го скокнете ручекот, најверојатно е дека за вечера ќе се прејадете, и оние екстра калории кои ќе ги внесете ќе се зачуваат во вас како одбрамбен механизам на телото дека можеби ќе ви текне повторно да скокнете оброк и да му недостасува енергија. Значи ништо добро од прескокнувањето оброк.

 

Имајте избалансиран начин на хранење

Кога зборуваме за она што го јадете најважно е да имате балансиран начин на исхрана за да внесете доволно хранливи состојки во себе а да ги избегнувате оние со многу масти.

 

Food_Pyramid_USDAj

 

Балансираната диета (начин на исхрана) има цел да обезбеди доволно хранливи материи и во исто време да го спречи прекумерното или недоволно примање на истите.

За да виде диетата баласирана храната треба да биде разновидна. На овој начин ќе осигурате дека сте ги примиле сите потребни хранливи состојки кои на телото му се потребни најверојатно во доволни количини.

Во деведесетитте светски беше промовирана пирамида на исхраната со цел да се направи едноставна поделба на храната и се направи водич за избор на храната и во доволни порции. Храната во долните пошироки зони е препорачана да се конзумира во поголеми количини и како се креваат нивоата на исхрана така се намалува количината на конзумирање на соодветната храна.

И оваа пирамида има свои недостатоци, но за тоа во некоја следна прилика. За старт на раздвојување на некои производи и количината на нивно косумирање и на поставување на стартно урамнотежување е доволно.


Оставете коментар

___