Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

7 неверојатни намени на маргаринот

Со помош на овие меки намирници можете да ги одстраните флеките од вода, па дури и да спречите појава на мувла на некои намирници. Маргаринот е скоро неизбежен додаток на разни јадења, од колачи и торти до главни јадења. Не само дека е одличен за подмачкување на плехови и тепсии, да даде неверојатно убав вкус но и совршено се спојува со чоколадо во разни глазури, со помош на маргаринот можете да решите и некои други проблеми.

1. За да спречите на сирењето да се појави мувла, намачкајте го местото каде што е сирењето пресечено со тенок слој на маргарин.

2. Доколку сте искористиле само половина лук, маргаринот може да ја зачува другата половина свежа, а плус ќе го елиминира и мирисот од лук во фрижидерот.

3. По чистење на риби, на рацете и по неколку саата останува непријатен мирис. Тој мирис можете да го одстраните со мачкање на рацете со маргарин.

4. За полесно сечење на леплива храна, ножот од двете страни намачкајте го со маргарин.

5. Трагите од вода на дрвениот мебел најчесто настанува поради шолји и чаши. Флеките од вода намачкајте ги со маргарин и оставете неколку саати, така дрвото ќе ја впие мрснотијата, за потоа флеките од вода ќе станат помалку воочливи.

6. Доколку ноктите ви се кршливи, пробајте да ги обновите со бабиниот рецепт – преку ноќ оставете на ноктите маргарин и замотајте ги рацете во провидна фолија. Хранливите состојки од маргаринот ќе ги нахрани ноктите и ќе им го пружи потребниот сјај.

7. Непријатна ситуација, која најчесто се гледа во косата на дечињата, секако е залепена мастика. За најлесно и најбезболно да ја одстраните мастиката од косата, праменот намачкајте го со маргарин, каде веднаш потоа мастиката ќе се излизга од влакната.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement