Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

5 апликации кои ќе ви помогнат да бидете здрави

Благодарение на вашиот телефон, никогаш нема да биде полесно да изгледате и да се чувствувате најдобро! Ова се пет апликации за здравје и фитнес кои треба да ги преземете веднаш!

 

Daily Burn

Запознајте го вашиот нов личен тренер! Регистрирајте се на Facebook за Daily Burn и ќе имате пристап до стотици вежби, од Kickboxing до јога, кои можете да вежбате без воопшто да го напуштите вашиот дом. Вие изберете што сакате да вежбате во денот, а податоците за тренингот веднаш ги добивате на вашиот телефон, iPad, или компјутер.

(Dailyburn, 10$ месечно за превземање на апликацијата)

 

Fooducate

Оваа кул апликација ви овозможува да го користите вашиот телефон за да ги скенирате производите во продавница. Таа потоа дава оценки за секој производ врз основа на тоа колку е здрав. Дури и ќе ви понуди поздрава замена, ако има на располагање!

(Fooducate, бесплатно превземање)

 

Gym Pact

GymPact всушност плаќа за одење во теретана! Што е финтата? Ви одзима пари доколку не одите во теретана (зборуваме за мотивација!). Еве како тоа функционира: Секоја недела неведувате колку пати ќе одите во теретана, и кога ќе ја посетите (тоа се потврдува со користење на GPS на вашиот телефон), ќе заработите мал износ на пари. Но, ако сте го испуштиле тренингот, ќе бидат одземени пари од вашата “банкарска сметка.” Секогаш кога ќе стигнаете до 10$, може да ја подигнете готовината со користење на PayPal.

(Gym Pact, бесплатно превземање)

 

WaterLogged

Не пиете доволно вода која е од витално значење за кожата, косата и целокупното здравје? Тука настапува оваа апликација. Користе ја за да ја следите вашата дневна доза вода за да бидете сигурни дека сте ги оствариле дневните потреби од H₂O. Апликацијата ви праќа известувања да пиете вода, ако сте во опасност да пропуштите да го направите тоа тој ден!

(WaterLogged, бесплатно превземање)

 

Map My Run

Користејќи го GPS системот на вашиот телефон, оваа апликација го евидентире вашиот тренинг, сите детали, вклучувајќи времетраење, далечина, брзина, потрошени калории… Кога ќе завршите со вежбање можете да ја споделите вашата статистика на социјалните мрежи и го корисите тоа за да ве мотивира да стигнете подалеку следниот ден!

(Map My Run, бесплатно превземање)

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement