Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Дали ви се појавуваат модрици без никаков удар? Лекар открива 3 можни причини

Модриците на нозете и рацете не се секогаш безопасни.

Модриците настануваат кога крвните садови под кожата ќе се повредат, најчесто како последица на удар. Сепак, кај некои луѓе тие можат да се појават и без претходна повреда – најчесто на нозете, рацете и стомакот. Д-р Кори Фишер од клиниката „Кливленд“ (Cleveland Clinic) во САД ги објаснува најчестите причини за ова.

Несакан ефект од одредени лекови

Честата употреба на ибупрофен или аспирин – кои делуваат на разредување на крвта – може да доведе до појава на модрици. Модрици можат да предизвикаат и лекови кои се наменети токму за разредување на крвта или за третман на срцеви аритмии. Одредени антидепресиви влијаат врз тромбоцитите, кои се клучни за згрутчување на крвта. Покрај тоа, кортикостероидите што се користат за третман на кожни заболувања можат да ја истенчат кожата, правејќи ја поподложна на појава на модрици.

Претерана употреба на витамини

Постои причина зошто на пакувањата од сите додатоци во исхраната стои препорака да се консултирате со лекар пред употреба. Додатоците што содржат лук, ѓумбир, гинко, женшен, омега-3 масни киселини или витамин Е можат да предизвикаат модрици, бидејќи влијаат врз тромбоцитите и процесот на згрутчување на крвта.

Почести во подоцнежните години

По 60-тата година од животот, модриците се појавуваат полесно бидејќи кожата со текот на времето станува потенка, а крвните садови стануваат покревки. Дополнително, под кожата има помалку масно ткиво и колаген кои би ги заштитиле крвните садови од оштетување.

Кога треба да побарате лекарска помош?

Ако често ви се појавуваат модрици без очигледна причина, задолжително консултирајте се со лекар. Иако повеќето модрици се безопасни, некои можат да бидат знак за нарушување на крвта. Ако модриците не исчезнат по три недели, ако се појавуваат повторно на истите места, или пак ако добиете покачена температура, имате ноќно потење или отечени лимфни јазли, задолжително обратете се кај лекар, советува д-р Фишер.

Прочитај

Green Tea

Витамините од групата Б се одговорни за одржување на здравјето на централниот нервен систем, крвните садови и срцето, косата, кожата и ноктите. Тие исто...

____celebrity

Британскиот актер Роберт Патинсон е официјално избран за новиот Џејмс Бонд, пренесува Variety. Со ова завршува повеќемесечната потрага на студиото „Amazon MGM“ по наследник...

____celebrity

Изборот на новиот Бонд предизвика голем интерес, а сега сите погледи се вперени кон актерките кои би можеле да станат дел од познатата филмска...

Green Tea

Во понудата на инстант лoзови на Државна лотарија, се наоѓа и лозот „Мега милионер“, кој на играчите им нуди можност да ги освојат највредните...

Advertisement