Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____celebrity

Ријана покажа нова тетоважа „дизајнирана“ од нејзините деца: Ги разнежни фановите со овој потег

Познатата пејачка Ријана откри нова тетоважа која ја „дизајнирале“ нејзините деца.

Тетоважата се наоѓа на нејзината нога, веднаш зад коленото, и се состои од апстрактни линии, шарени детски цртежи и форми кои личат на спонтаните шкртаници што децата често ги цртаат со маркери и боички.

Овие цртежи беа основа за траен дизајн создаден од познатиот тетоважист Кит Бенг Бенг МекКарди, еден од најбараните тетоважистки меѓу светските ѕвезди.

Новата тетоважа на Ријана (Instagram)

Ријана сакаше да го зачува споменот на креативните моменти на своите најмали на посебен начин. Нејзините деца цртале на хартија користејќи маркери и налепници, а уметникот ги претворил нивните спонтани линии во уникатно уметничко дело на нејзиното тело.

Социјалните медиуми особено коментираа колку Ријана е посветена на мајчинството откако ги доби децата со раперот A$AP Rocky. Обожавателите веруваат дека со овој гест, таа покажа колку семејството ѝ значи и колку ужива да биде мајка.

Прочитај

____celebrity

Американската пејачка и актерка Аријана Гранде се појави во средата вечерта на светската премиера на филмот „Focker-In-Law“ во њујоршкиот театар „Бикон“, придружувана од нејзиното...

Green Tea

Кај младите корисници на електронски цигари, по просечно една година, е забележано значително намалување на функцијата на белите дробови, се вели во мала прелиминарна...

____celebrity

Меган Маркл се соочи со критики откако се повлече од одржување говор за безбедноста на децата на интернет, кој требаше да го одржи заедно...

Green Tea

Лицето ќе изгледа одморено и посвежо. Нема потреба да посетувате козметички салон за убав тен, да трошите пари на скапи третмани или да купувате...

Advertisement