Една од најубавите жени во светот проговори за стареењето.
Познатата италијанска актерка Моника Белучи (62) не се плаши од стареењето и промените во својот изглед. Покрај тоа, таа прифаќа дека тоа е природен процес.
„Има толку многу жени кои се чувствуваат слободни да стареат поинаку“, изјави Моника во интервју за списанието „ Sunday Times Style.“.
Како што вели, таа ги сака виното и тестенините, а избегнува ригорозни тренинзи и строги диети. Повремено практикува пилатес.
Сепак, кога работата го бара тоа, таа вежба и се придржува до лесна исхрана, но сè на многу разумен начин.

„Не си вршам премногу притисок. Отсекогаш сум била жена со облини, никогаш многу слаба, таква сум природно. И сакам мирно да стареам. Кога имаш 50 или 60 години немаш исти потреби како кога имаш 20 години. Се менуваш, како кога имаш дете, го гледаш прво, ти си на второ место. Ни дава поинаква перспектива“, вели Моника.
Моника, исто така, се осврна на своето искуство како 50-годишна „жена на Бонд“ во „Спектар“, при што италијанската актерка забележа дека нејзината улога означила „голема промена“, додавајќи дека „има толку многу жени кои се чувствуваат слободни да стареат поинаку“.
Моника го гледа процесот на стареење како многу конкретна работа.
„Постојат многу различни моменти во животот. Кога си многу млад, имаш она што во Франција го нарекуваат „убавината на ѓаволот“, што е сосема природно, тоа е убавината на младоста, убавината на биолошкиот момент во твојот живот. Но, животот продолжува. Старееме и мора да го прифатиме тоа. Нема ништо што можеме да направиме во врска со тоа. Но, во исто време имаме среќа бидејќи ако старееме, тоа значи дека имаме долг живот. Како што старее телото, така расте и нашата душа.“
Патем, Моника Белучи е мајка на две ќерки, Дева (22) и Леоне (16), кои ги има од бракот со поранешниот сопруг Винсент Касел.
„Долго време сме разделени, но во исто време, кога сте родители, сте родители целиот свој живот. Убаво е да имате врска заради децата кога е можно“, рече Белучи.

