Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____celebrity

E, ова се нозе од милион долари! Џеј Ло го “запали” Инстаграм со своите брутални облини

Џенифер Лопез повторно ги воодушеви своите следбеници на социјалните мрежи.

Џенифер Лопез повторно ги воодушеви своите следбеници на социјалните мрежи, каде што објави серија фотографии на кои ја покажува својата беспрекорна фигура.

Познатата пејачка и актерка, која има 56 години, позираше во тесен, делумно проѕирен фустан кој ги истакнуваше нејзините облини и беспрекорна фигура.

Особено внимание привлече нејзините долги, затегнати нозе, што уште еднаш потврди зошто многумина ги опишуваат како „нозе од милион долари“. Секоја поза дополнително ја нагласуваше нејзината женственост и самодоверба што не избледеа со текот на годините.

Нејзината објава брзо предизвика лавина од реакции, а комплиментите за нејзиниот изглед беа бројни.

„Кралица“, „Вау“, „Прекрасна жена“, „Можеме ли да зборуваме за овој фустан? Совршен“, „Спектакуларно“, „Годините не ѝ се важни“, „Дива“, „Неверојатно е како изгледа една жена“, „Убавина“, „Колку е згодна“, „Стануваш сè поубава“, „Сè уште изгледа како да има 26 години“, се некои од коментарите на Инстаграм.

Не е тајна дека Џенифер води дисциплиниран начин на живот, редовно тренира и внимава на исхраната, а резултатите се многу видливи. Уште еднаш, таа го потврди својот статус на една од најатрактивните жени на светската сцена, без оглед на нејзините години.

Прочитај

____celebrity

ајната на витката фигура на Џенифер Лопез лежи во неколку едноставни состојки. Поранешниот личен готвач на Џенифер Лопез откри како изгледа исхраната на познатата...

Green Tea

Ако ви се чини дека страста во врската малку се смирилa и рутината преовладала, можеби е време за мал пресврт. Добри вести? Не ви...

Green Tea

Кожата на деколтето е меѓу првите што покажува знаци на стареење. Кожата на вашето деколте, слично како и на вратот и рацете, е позната...

Green Tea

Доколку имате проблеми со варењето, најдобро е да вклучите повеќе од овој зеленчук во вашата исхрана. Многумина ќе бидат изненадени, бидејќи е познато дека...

Advertisement