Холивудската ѕвезда Гвинет Палтроу привлече огромно внимание на црвениот тепих на Оскарите во 2026 година, каде што се појави во минималистички, но исклучително провокативен моден изглед кој остави многумина без зборови.
Добитничката на Оскар пристигна на церемонијата во елегантен фустан од свила во боја на слонова коска од Giorgio Armani Prive. На прв поглед, сè изгледаше класично и ненаметливо, едноставната силуета без прерамки нагласуваше чисти линии и софистициран крој. Сепак, штом актерката се сврте, стана јасно дека фустанот крие неочекуван детаљ.

Таа имаше странично отвори кои се протегаа речиси по целата должина на фустанот, откривајќи ги нејзините затегнати нозе додека одеше по црвениот тепих. Отворот беше покриен со тенок слој од блескава мрежа, создавајќи ефект на таканаречен „гол фустан“, кој се чини дека открива повеќе отколку што всушност прикрива. Гвинет го дополни изгледот со дијамантски накит и бели чевли со зашилен врв, дозволувајќи необичниот крој на фустанот да заземе централно место. Косата ја носеше спуштена во мазни, сјајни бранови,рефрлени на едната страна, додека шминката ѝ беше дискретна и природна, во стилот на гламур по кој е позната низ годините.
Иако не беше меѓу номинираните оваа година, актерката се појави на церемонијата како една од презентерките, а нејзиното доаѓање многумина ги потсети на моментот што го означи почетокот на нејзината голема кариера. Имено, во 1999 година, Гвинет Палтроу го освои Оскарот за најдобра актерка за филмот „Вљубениот Шекспир“. Потоа се појави во познатата бледо розова тоалета на Ralf Loren, со дијамантски ѓердан и едноставна балетска пунџа модна комбинација што влезе во историјата на црвениот тепих.
Децении по нејзиниот најголем успех, Гвинет Палтроу сè уште успева да предизвика реакции на црвениот тепих, потврдувајќи дека нејзиното влијание во светот на филмот и модата не е помало денес.
