Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____celebrity

Парис Хилтон за борбата со ADHD: Го гледам она што ми се случува како супермоќ

Парис Хилтон проговори за своето ментално здравје и искуството од растењето со ADHD.

За време на појавувањето во подкастот „The Skinny Confidential Him&Her Show“, таа се осврна на дисфоријата чувствителна на отфрлање (Rejection sensitive disorder – RSD), состојба која често се поврзува со ADHD и која предизвикува нејзини силни емоционални реакции.

Како што објасни, дури и малите негативни ситуации можат да предизвикаат чувство на вистинска, физичка болка кај неа.

„Секоја негативна мисла, како на пример некој да биде груб кон вас, предизвикува чувство на вистинска, физичка болка“, рече Хилтон.

Таа додаде дека овие чувства не се реални, туку ги доживува како демон во главата кој ѝ кажува негативни работи за неа. Хилтон, исто така, изјави дека ADHD често се поврзувал исклучиво со момчиња во нејзиното детство, што ја правело да се чувствува збунета и неразбрана.

„Ми беше навистина тешко во училиште. Без разлика колку учев, не можев да се сетам на ништо. Постојано паѓав на испити, добивав казни и запаѓав во проблеми“, рече таа.

Благодарение на годините образование за ADHD и RSD, таа истакнува дека е полесно да се препознае што ѝ се случува во такви моменти.

„Сега знам дека не е реално. Само се активира RSD. Го гледам она што ми се случува како суперсила. Без него, не би била претприемачот што сум, ми дава мотивација и ме тера секогаш да гледам кон иднината“, рече таа.

Исто така, Хилтон претходно разговараше за нејзината музичка кариера, но и за нејзиниот приватен живот. Покрај тоа, таа ја спомена својата улога во филмот „Infinite Icon: A Visual Memoir“.

Прочитај

____celebrity

ајната на витката фигура на Џенифер Лопез лежи во неколку едноставни состојки. Поранешниот личен готвач на Џенифер Лопез откри како изгледа исхраната на познатата...

Green Tea

Ако ви се чини дека страста во врската малку се смирилa и рутината преовладала, можеби е време за мал пресврт. Добри вести? Не ви...

Green Tea

Кожата на деколтето е меѓу првите што покажува знаци на стареење. Кожата на вашето деколте, слично како и на вратот и рацете, е позната...

Green Tea

Доколку имате проблеми со варењето, најдобро е да вклучите повеќе од овој зеленчук во вашата исхрана. Многумина ќе бидат изненадени, бидејќи е познато дека...

Advertisement