Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____celebrity

Пејачката го допре дното: Бритни Спирс повторно е на работ на нервен слом, семејството стравува за нејзиниот живот!

Семејството на Бритни Спирс наводно е крајно преплашено за неа откако ја видело снимката од нејзиното опасно возење по вечерното излегување со пријателка.

Семејството на поп-ѕвездата Бритни Спирс е „преплашено“ дека таа ја „губи контрола“, објави Дејли Меил, споредувајќи го нејзиното непредвидливо однесување со тоа како се однесувала пред нејзиниот нервен слом во 2007 година, кога ја избричи главата и го изгуби старателството над своите два сина од бракот со Кевин Федерлајн.

Семејството сега наводно е во кризни преговори за тоа како да ѝ помогне на Спирс.

Пејачката беше снимена како невнимателно и непредвидливо вози во Таузанд Оукс, Калифорнија, опасно скршнала и влетала во другите ленти за автомобили, па некои дури и предложиле таа да биде вратена под старателство, иако контроверзното старателство кое делумно го имаше нејзиниот татко, Џејми Спирс, заврши во 2021 година, објави Дејли Меил.

Комплицираниот правен аранжман на Спирс – во кој нејзиниот живот беше строго контролиран – заврши по 13 години, во голема мера поради негодувањето на нејзините обожаватели, кои го создадоа движењето #FreeBritney.

– Постои голема загриженост. Секој отсекогаш го сакал најдоброто за неа, а таа токму сега покажува дека прави лоши избори. Застрашувачки е. Значи, многу се зборува за тоа што да се прави, ако воопшто се прави. Како можеме да ја заштитиме од самата себе – изјавил извор за медиумот.

– Последниот пат кога Џејми се вмешал да ја заштити својата ќерка, тој станал јавен непријател број еден. Луѓето велеа дека се обидувал да ѝ ги зграби парите, што не е вистина. Значи, прашањето е дали некој треба да се вмеша за да ѝ помогне и да се справи со реакцијата – рекол изворот.

Шокантните видео снимки до кои дојде „Пејџ Сикс“ ја покажуваат 43-годишната пејачка како го напушта ресторанот „Ред-О“ во Таузанд Оукс, Калифорнија, минатата среда, и покрај тоа што другите се обидувале да ја спречат да не седнува зад воланот.

Црниот кабриолет „БМВ“ на пејачката направи непредвидливо полукружно свртување, со чкрипење на гумите.

Спирс во последно време ги полни медиумските написи поради мемоарите на нејзиниот поранешен сопруг, во кои тој упатува сериозни обвинувања против поп-иконата.

Обвинувањата вклучуваат наводно користење кокаин додека ги доела нивните синови – Шон Престон, сега 20-годишен и Џејден Џејмс, сега 19 и желбата да бидат мртви.

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement