Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____celebrity

Џенифер Анистон го откри своето ново момче: На 56 години го пронајде вистинскиот и планира свадба

Парот, чија врска беше потврдена во јули, се појави на настан во Музејот на модерна уметност во Њујорк, едно од нивните први заеднички јавни појавувања, според „People“.

Додека Анистон позирала за фотографите во елегантен црн фустан со колегите Рис Витерспун, Били Крудап и Марк Дуплас, Џим Кертис гордо ја бодрел од страна.

Тој на премиерата пристигнал во кежуал издание со црна блуза и панталони.

Поддршката од Кертис на премиерата дојде кратко откако Анистон се појави јавно да ја објави нивната врска на својот Инстаграм профил. На 7 септември, актерката објави серија фотографии на кои се збогува со летото, а меѓу нив беше и една што особено го привлече вниманието на обожавателите. Фотографијата од зајдисонце го покажува грбот на мистериозен маж, а многумина заклучија дека тоа е Кертис, толкувајќи ја објавата како потврда за нивната романса.

Двојката првпат е забележана заедно во јули додека беа на одмор на Мајорка, каде што уживале во одмор на јахта со пријатели.

Извор за „People“ изјави дека „се заедно неколку месеци“.

„Ги запозна пријателка и почнаа како пријатели. Џен ја прочитала неговата книга и била запознаена со неговата работа“, додаде изворот, осврнувајќи се на кариерата на Кертис како автор и лајф коуч. „Тој е многу различен од секој со кого таа некогаш излегувала“.

Прочитај

Green Tea

Белата ПВЦ столарија може да го изгуби својот оригинален сјај со текот на времето. Сиви траги се појавуваат околу рачките, додека на прозорските прагови...

Green Tea

Ако ги прашате мажите кој дел од женското тело го сметаат за најпривлечен, многумина веројатно би ги споменале нејзините гради или задник. Сепак, постои...

Green Tea

Експертите препорачуваат перење на завесите на секои три до шест месеци, а во кујната уште почесто – на секои два до три месеци. Пред...

интересно

„Државна лотарија презеде мерки за отстранување на наследените неправилности уште пред изработувањето и објавувањето на извештаите на Државниот завод за ревизија. Ревизијата на работењето...

Advertisement