Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____celebrity

Орландо Блум за прв пат по разделбата коментираше за својата врска со Кети Пери

Додека го промовираше својот нов филм „The Cut“, Орландо Блум за прв пат се осврна на неодамнешнатa разделба со пејачката Кети Пери, инсистирајќи дека се во добри односи.

Блум се појави во емисијата „Today“, каде што водителот Крег Мелвин го праша за раскинувањето.

„Имаше некои лични промени во твојот живот откако последен пат беше тука“, забележа Мелвин пред да праша: „Како си?“

Блум одговори: „Одлично сум, човече. Многу сум благодарен. Имаме најубава ќерка. Знаеш кога „го оставаш срцето на теренот“ како што направив јас во овој филм? Се чувствувам благодарен за сето тоа.“

Ѕвездата од „Пиратите од Карибите“, која има петгодишна ќерка, Дејзи, со пејачката Кети, нагласи дека се во добри односи: „Одлично сме. Ќе бидеме одлични. Ништо освен љубов.“

Во јуни беше објавено дека Блум и Пери се разделиле по речиси една деценија заедно.

Двојката потврди на почетокот на јули дека одлучила да ја промени природата на својата врска и во иднина да се фокусира исклучиво на заедничко родителство.

„Поради големиот интерес и бројните разговори околу врската на Орландо Блум и Кети Пери, потврдуваме дека Орландо и Кети ја промениле природата на својата врска во последните месеци и се фокусираат исклучиво на родителството. Тие ќе продолжат да се сметаат за семејство како што е и секогаш ќе биде нивниот заеднички приоритет – одгледување на нивната ќерка со љубов, стабилност и меѓусебно почитување“, рекоа нивните претставници.

Сепак, по раскинувањето, тие беа видени заедно со нивната ќерка на одмор со Џеф Безос и Лорен Санчез на јахта.

Прочитај

Green Tea

Ако ви се чини дека страста во врската малку се смирилa и рутината преовладала, можеби е време за мал пресврт. Добри вести? Не ви...

Green Tea

Секое работно место има барем една личност која знае како да го подигне расположението. Секое работно место има барем една личност која знае како...

Green Tea

Постојат корисни трикови кои не се наоѓаат во современите готвачи, но се пренесуваат од генерација на генерација како сигурни мали тајни. Една од нив...

____celebrity

Тејана Тејлор честопати беше во центарот на вниманието поради своите оригинални и смели модни избори, а овој пат ги изненади сите појавувајќи се во...

Advertisement