Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____celebrity

Рита Ора во мини шорцеви и чизми на 30 степени: Привлече внимание и со натписот на маицата

Британската пејачка со албанско потекло Рита Ора привлече внимание со необична облека што ја покажа за време на прошетката со својот сопруг во Сен Тропе.

Пејачката прошета во тесни црвени шорцеви, кои беа украсени со метални нитни. Минијатурната облека ја комбинираше со впечатлива жолта маица.

Жолтото парче облека имаше и натпис на кој пишуваше: „Обожавам печурки“.

Целата комбинација беше доста необична, особено за времето од годината и температурите што надминаа 30 степени во Сен Тропе.Нејзе ѝ се придружи нејзиниот сопруг со кој е во врска речиси три години, новозеландскиот актер и комичар Таика Ваитити.

Двојката, која се венча во Лос Анџелес и е заедно од 2021 година, следниот месец ја прославува третата годишнина од бракот.

Позната по својот смел изглед, Рита не се плаши да презема ризици кога станува збор за модата.

Прочитај

Advertisement