Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____celebrity

„Чао, Венеција“: Погледнете колку голем бакшиш остави Безос по раскошната свадбата во италијанскиот град

Минатиот месец, Џеф Безос и Лорен Санчез одржаа раскошна церемонија во Венеција, претворајќи го градот во сцена за нивната незаборавна свадба.

200 ВИП личности во хотел со 7 ѕвездички

На островот Сан Џорџо Маџоре, со поглед на Големиот канал, двојката симболично размени завети пред гостите. На раскошните прослави присуствуваа повеќе од 200 ВИП личности, меѓу кои Леонардо Дикаприо, Орландо Блум, сестрите Кардашијан, Кети Пери и Опра Винфри.

Милијардерот Џеф Безос наводно оставил бакшиш од 45.000 евра за персоналот во луксузниот хотел Аман во Венеција, објавија италијанските медиуми. Тој престојувал во хотелот со седум ѕвездички за време на неговата свадба со Лорен Санчез, а бакшишот го оставил со пораката: „Чао, Венеција“.

Овој износ не ја вклучува донацијата од три милиони евра што основачот на Амазон наводно ја дал на градот Венеција, и покрај значителните протести од граѓаните против одржувањето на неговата гламурозна свадба во историскиот град.

Свадбата чинеше најмалку 10 милиони евра

Безос и Санчез престојуваа во луксузен хотел директно на Големиот канал. Трошоците за свадбата се проценуваат на најмалку 10 милиони долари. Локалните власти постојано ја поддржуваат одлуката на милијардерот да се венча во Венеција, отфрлајќи каква било поврзаност со прекумерен туризам, поради што, на пример, беа воведени влезници за Венеција.

Гостите на оваа свадба не мораа да плаќаат за да влезат во градот. Група наречена „Нема место за Безос“ организираше симболични протести за да го покаже своето противење на свадбените свечености, под слоганот „Венеција не е на продажба“, плашејќи се дека свадбата дополнително ќе ги комплицира животите на жителите.

Прочитај

Advertisement