Мадона, поп-иконата и мајстор на изненадувања, повторно го привлече вниманието на своите обожаватели со видео на Тикток. Овој пат, не станува збор само за нејзините танцови движења или младешкиот изглед, туку за еден необичен детаљ што го привлече вниманието на внимателните следбеници – софистициран медицински апарат сместен во нејзината бања.
Во видеото, кое го снимила со својот партнер Аким Морис, двојката изведува еден од виралните танци на Тикток. Иако нивните движења беа во фокусот на кадарот, многумин го забележаа скапиот апарат во позадината. Станува збор за уредот (Swiss Bio Inov ATP38), кој чини повеќе од 20.000 долари. Овој напреден апарат користи технологија за фотобиомодулација, терапија со ниско ниво на светлина што ја стимулира регенерацијата на клетките, го забрзува заздравувањето и ја намалува болката.
Апаратот е познат по својата широка примена во различни гранки на медицината, од физикална терапија и дерматологија до естетика, каде што се користи за затегнување и освежување на кожата. Иако не е познато зошто Мадона го користи, се претпоставува дека би можело да биде дел од нејзиниот личен протокол за закрепнување, особено по операцијата на колкот и повредата на коленото во 2020 година.
Покрај технологијата, видеото предизвика реакции и поради неочекуваниот крај. Имено, Мадона и Акем изведоа прилично провокативен потег што предизвика поделени коментари. Додека некои обожаватели изразија шок, други веднаш го поврзаа со нејзината провокативна слика.
– Зошто сте сите изненадени? Тоа е Мадона – напиша еден корисник.
