Главниот вокал и тапанар на американската рок група 3 Doors Down, Бред Арнолд, преку социјалните мрежи откри дека му бил дијагностициран рак на бубрезите во четврта фаза.
Имено, Бред Арнолд во емотивна објава сподели дека откако му се слошило пред неколку недели, лекарите му рекле дека боледува од рак на бубрегот кој е веќе во четврта фаза.
„Значи, бев болен пред неколку недели, потоа отидов во болница на преглед и всушност ми беше дијагностициран карцином на чисто клеточен бубрежно-целуларен карцином кој метастазирал во белите дробови. Стадиум е четврти, а моменталната ситуација не е баш најдобра“, рече тој меѓу другото во објавата.
И покрај тешката дијагноза, тој истакна дека останува позитивен и храбар, нагласувајќи дека верува во моќта на верата и дека не се плаши од она што го чека.
„Но, знаете што? Му служиме на моќниот Бог и тој може да надмине сè. Затоа, не се плашам. Навистина, искрено не се плашам од тоа“, додаде тој.
Поради болест, бендот беше принуден да ја откаже својата летна турнеја, која требаше да започне на 15-ти мај во Дејтона Бич.
