Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

Јакната на Путин од 13.000 евра стана тема на дискусија ширум светот

Путин се појави во јакната на модниот бренд Лоро Пиана на стадионот Лужники во Москва на настанот по повод годишнината од анексијата на Крим.

Во време кога на Русија и беа наметнати остри економски санкции, кои ја загрозуваат иднината на следните генерации на земјата, рускиот претседател се појави во јакна која чини 13.000 евра, што секако е митска сума за просечниот работник. Според светските медиуми, се проценува дека околу 200.000 Руси веќе ја напуштиле земјата, верувајќи дека ќе следат полоши денови.

Под јакната, претседателот на Русија тој ден носел ролка од модната куќа Китон, која чини 2.800 евра. Неговиот скап стајлинг разбесни многу граѓани, предизвикувајќи бран реакции на Твитер.

Поради големата „прашина“ која се крена на социјалните мрежи, италијанската модна куќа е под притисок да дава изјави за изгледот на рускиот претседател, а на ова барање се потпишале 1.300 луѓе.

Пјер Луиџи, потпретседател на модната куќа Лоро Пиана, за италијанските медиуми изјави дека сликата на Путин носејќи нивна креација „создава одреден срам од човечка гледна точка“.

Тој додаде: „Јасно е на чија страна сме… Украинците ќе ја имаат сета наша морална и практична поддршка“.

Сепак, треба да се напомене дека италијанската куќа, дел од гигантот за луксузни стоки LVMH, ги затвори своите продавници во Москва и Санкт Петербург, како одговор на руската инвазија на Украина на почетокот на овој месец.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement