Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

И покрај омикронскиот сој, Бил Гејтс изјави дека на пандемијата и доаѓа крајот

Кога започна пандемијата на коронавирус пред речиси три години, се надевавме дека ќе заврши до 2020 година…

Меѓутоа, кога пристигна 2021 година, сите наши надежи паднаа во вода. Пристигна варијантата Делта, придружена со уште поопасниот вид Омикрон, што не наведува да мислиме дека короната никогаш нема да ја напушти нашата планета. Сепак, Бил Гејтс е тука да ни даде малку надеж и утеха во овие тешки времиња. Според ко-основачот на Мајкрософт, акутната фаза на Ковид-19 ќе биде завршена следната година и покрај појавата на варијантата Омикрон. Коментирајќи го развојот на ситуацијата, Гејтс на својот блог напиша: „Можеби е малку глупаво да се направи уште една претпоставка, но мислам дека акутната фаза на пандемијата ќе биде завршена во некој дел од 2022 година“.

Тој додаде дека иако „нема сомнеж дека варијантата Омикрон е загрижувачка“, брзината на откривање нови варијанти, во комбинација со развојот на вакцини и антивирусни лекови, го наведува да биде оптимист за ставање крај на пандемијата на Ковид-19 следната година.

„Секогаш кога ќе се појави нова варијанта, тоа е нова причина за загриженост, но сепак се надевам дека во одреден момент следната година, Ковид-19 ќе го гледаме како ендемска болест во повеќето држави. Иако моментално е десет пати посмртоносен од грипот, вакцините и антивирусните лекови можат да го намалат тој број за половина или повеќе. Светот е подобро подготвен да се соочи со потенцијално лоши варијанти во секое време за време на пандемијата. Ние сме во далеку подобра позиција да ги подобриме вакцините, доколку е потребно“.

„Заедниците ќе продолжат да имаат повремени епидемии, но ќе бидат достапни нови лекови и тие ќе можат да се грижат за повеќето случаи, а болниците ќе можат да се справат со приливот на пациенти. За неколку години, се надевам дека навистина ќе можеме да размислуваме за вирусот само кога ќе дојде време да ја добиеме вакцината“.

Покрај пандемијата, Гејтс напиша и за неколку други теми на својот блог, вклучувајќи го блокирањето на Суецкиот канал со еден брод, како и одобрението од СЗО за првата вакцина против маларија во светот, изразувајќи го своето жалење за разводот од неговата долгогодишна сопруга Мелинда.

Прочитај

____celebrity

Сите зборуваат за романсата помеѓу русокосата актерка и познатиот актер. Во последните денови, сите зборуваат за љубовната врска помеѓу Памела Андерсон (58) и Том...

Fashion

Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер. Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер во Кан,...

____celebrity

Борбата на Брус Вилис со деменцијата ја тресе јавноста со години. Борбата на Брус Вилис со деменцијата со години го потресува неговото семејство и...

Green Tea

Витаминот Д игра клучна улога во одржувањето на здравјето на коските, зајакнувањето на имунитетот и правилното функционирање на телото. Витаминот Д е еден од...

Advertisement