Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Познатиот ресторан на Ферари повторно ги отвори вратите за своите гости

По двегодишно отсуство, легендарниот ресторан Ферари се враќа на сцената…

Познатиот шеф со Мишелин ѕвезда, Масимо Ботура и архитектот и дизајнер, Индија Махдави, се здружија за редизајн на Ferrari Ristorante Cavallino во Модена. Сепак, додека ресторанот е првенствено познат по луѓето кои вечерале во него, новата итерација ќе стане култен локалитет, и поради гастрономските деликатеси и поради неговиот фантастичен дизајн.

Првпат отворен во 1950 година, веднаш спроти улицата од фабриката на познатиот бренд, Кавалино постои со децении како симбол на длабоката посветеност на автомобилскиор бренд кон регионот Емилија-Ромања. Исто така, тоа е омиленото место на основачот Енцо Ферари, кој честопати ги носел своите ВИП клиенти, возачи на Формула 1 и претставници од благородна лоза. Енцо толку многу го обожавал ова место што често се појавувал двапати на ден, сè до неговата смрт во 1988 година. Ресторанот продолжи да работи и после тоа, но е затворен во 2019 година.

Сега, благодарение на Ботури и Махдави, Cavallino се враќа на сцената. Парискиот архитект се потрудил да остане верен на корените на ресторанот, истовремено освежувајќи го за новата ера. Главниот простор се одликува со висок плафон, теракота подови во слонова коска и црвени тонови, како и sидови карактеризирани со дабови панели украсени со пикселизирани визуели на „Коњ што се издига“ и други детали. Приватната соба на Енцо е исто така доста освежена и се чини дека е само направена.

Ботура, кој е од Модена, му го довери менито на Кавалино на неговиот шеф, Рикардо Форапани. Форапани, кој работеше во Остерија Франческана, се фокусираше на презентирање на модерна визија за гастрономијата во регионот, вклучувајќи јадења како тортелини со рикота, путер и жалфија и многу повеќе.

Ferrari Ristorane Cavallino сега е отворен седум дена во неделата, а масите може да се резервираат преку веб-страницата на брендот Ферари. Исто така, мора да споменеме дека ресторанот се отвори кратко откако славниот бренд ја лансираше својата прва модна колекција, која ни кажува дека Ферари планира да го освои целиот наш свет.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement