Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

ДАЛАЈ ЛАМА – 5 едноставни совети за среќен живот: Усвојте ги денес и ве очекуваат чудесни промени

Далај Лама – 5 едноставни правила за среќа што секој може да ги усвои!

Зборовите на Далај Лама носат порака за мир, љубов, среќа, но и мудри лекции што можат да послужат како вистински упатства кога ќе се најдеме во неповолна животна ситуација. Целта на неговите пораки е да постигнат апсолутен мир и среќа во целото човештво, и ако тоа е ваша желба – започнете со себе.

Далај Лама ни дава 5 едноставни совети за среќен живот што можете сами да ги примените:

  1. За да трае среќата, мора да сфатите дека тагата е исто така дел од животот

Според будистичките наводи, страдањето никогаш не доведува до песимизам или очај. Со негова помош, ги идентификуваме вистинските причини за нашата несреќа и наоѓаме начин да создадеме среќа.

  1. Губење на работа може да биде добра можност за добра промена

Кога луѓето ќе останат без работа, тие се чувствуваат неподготвени, како да се парализирани. Тие честопати мислат дека нивната ситуација е безнадежна. Сепак, другите луѓе сметаат дека губењето работа е добра можност за промена и добар предизвик. Ова е позитивен пристап, што секако не е така лесен за усвојување. Но, ако се обидете да имате посветла перспектива, ќе ви се отворат многу врати во животот.

  1. Ако вежбате и практикувате љубезност и толеранција, ќе имате повеќе мир

На пример, ако имате гласни соседи, не мора веднаш да размислувате за промена на становите. Соседот може да биде многу гласен или тежок, но сè додека вашиот дух и срце се смирени, таквите соседи воопшто нема да ве вознемируваат. Ако брзо се вознемирите за секоја мала работа, нема да бидете задоволни дури и кога пријателите ќе ве посетат. Ако сте смирени и опуштени, ништо нема да може да ве извади од чекор.

  1. Ако сакаме некого, се радуваме на неговиот успех

Радувајте се на туѓите успеси и победи, дури и ако не сте блиски или не цените доволно луѓе кои доживеале успех. Ако сте задоволни заради напредок на некој друг, привлекувате мотивација и шанса за личен успех.

  1. Трајната среќа лежи во духовниот развој

Причините за среќа може да се најдат на два начина: надворешен (Подобар стан, повеќе пари, подобра облека, луксузен автомобил, подобри пријатели …) и внатрешна, односно внатрешна среќа која е апсолутна и се постигнува само со духовен развој. Кога купувате еден автомобил, наскоро ќе се заситите, ќе посакате нов и уште подобар, што укажува на тоа дека надворешната среќа е минлива. Само внатрешната среќа е трајна и неизбришлива.

Прочитај

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Advertisement
betpipo   marsbahis   grandpashabet   casibom