Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

5 совети од руски психолози: Како да имате подобар и посреќен живот

Руски психолози ни даваат упатства за подобар и поквалитетен живот!

Руски психолози создадоа метод што ќе ви помогне полесно да ги надминете стресните ситуации и да живеете посреќно.

Ако ги следите овие едноставни правила, ќе научите да се справувате со сите тешки ситуации на вистински начин и да го подигнете квалитетот на животот на високо ниво:

Правило број 1 – Размислете позитивно

Нашите мисли ја обликуваат нашата реалност, а среќата не зависи од надворешни фактори или други луѓе, туку исклучиво од нас самите. Секој може да научи да ги контролира своите мисли и да престане да размислува негативно.
Позитивното размислување ви овозможува да се менувате, но и да го подобрувате светот околу вас.

Правило 2 – Не трошете енергија непотребно

Ако некој ве навредува, не трошете време размислувајќи на тие зборови. Така само си штетите на себе. Имајте на ум дека луѓето кои навредуваат и понижуваат луѓе се длабоко несреќни и тажни.

Правило број 3 – Не сожалувајте се самите себе

Најлесно е да се занесете во лоши мисли и емоции, но не води никаде. Кога е тешко, тогаш треба да дадете 100 проценти од вашата сила.
Наместо да се фокусирате на она што го немате, фокусирајте се на сè што сте постигнале, на луѓето кој ве опкружуваат и ве прават среќни. Погледнете околу вас, светот е прекрасен, благослови ве опкружуваат од сите страни, само треба да научите да ги забележувате.

Правило број 4 – Бидете свои

Ти си единствен. Никогаш не се споредувајте со другите, туку обидете се да бидете подобра верзија за себе. Вие работите на тоа секој ден. Само личност која е сигурна во себе е среќна личност.

Правило број 5 – Направете нешто убаво за вашите најблиски секој ден

Психолозите велат дека ако правите добри дела секој ден, две недели, нивото на лоши мисли и депресија ќе се намали. Радувајте ги драгите луѓе околу вас со насмевка, убави зборови, мал подарок.

Прочитај

Green Tea

Иако често зборуваме за здравјето на срцето или дигестивното здравје, метаболичкото здравје сè уште звучи како апстрактен концепт за многумина. Ендокринологот д-р Чхаја Макија...

Green Tea

Високите температури можат да го уништат дури и најдобро нашминканото лице. Сепак, со неколку едноставни трикови, можно е шминката да остане свежа и трајна...

Wall Street

Според најновите гласини, компанијата Apple започнала со развој на паметен прстен. Се шпекулира дека ќе се вика iRing, но Apple би можел да избере...

Green Tea

Промените не се само физички – тие влијаат и на расположението, стресот и самодовербата. Период без сексуален однос не е невообичаен за многу луѓе...

Advertisement