Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

„БОМБА“ СО ПРИРОДА! ЕВТИНО И ПОЕФИКАСНО ОД пОЗНАТИТЕ ШАМПОНИ! Со овие шест намирници ќе го забрзате растот на косата, ќе ја зголемите бујноста …

Ако сакате косата да ви расте побрзо, да биде поздрава и поубава, јадете го ова!

Како да се забрза растот на косата и како да се отстрани првутот се многу чести прашања, а има и храна што може да ви помогне во тоа.

Најдобро од сè, храната за побрз раст на косата е лесно достапна, не е скапа и веројатно веќе некои јадете, а не сте ни свесни дека помагаат!

Ова се храна која промовира раст и здравје на косата!

Јајца

Тие се богати со протеини и биотин! Протеините го сочинуваат најголемиот дел од фоликулот на косата, а недоволното протеини во исхраната може да доведе до опаѓање или слабеење на косата.

Биотин е клучен за создавање на кератин, протеин што веројатно сте го виделе на списокот на состојки во разни шампони. Со внесувањето на биотин, телото ќе го произведе подобро самостојно.

Јајцата се исто така одличен извор на цинк, селен и други состојки кои помагаат во растот и бујноста на косата.

Спанаќ

Богато е со витамин А, кој им помага на жлездите во кожата да лачат себум и да го одржуваат скалпот хидриран. Ако страдате од првут, јадете спанаќ!

Исто така, содржи многу железо, чиј недостаток е поврзан со опаѓање на косата. Железото им помага на црвените крвни клетки да дистрибуираат кислород, што овозможува побрз раст и закрепнување на косата.

Моркови

Одличен извор на бета-каротин, морковот е задолжителен ако сакате поубава коса. Помага при создавање на витамин А кој ја одржува косата здрава.

Семки од сончоглед

Само 50 грама од овие ефтини закуски содржат целосна дневна потреба на организмот за витамин Е, како и витамини од групата Б.

Витаминот Е помага при раст на косата, а семето содржи и витамин Б, кој нормално се користи во додатоците за побрз раст на косата.

Пиперки

Само една жолта пиперка содржи пет пати повеќе витамин Ц од портокал, а пиперките се моќен антиоксиданс. Тие го штитат нашето тело од оксидативен стрес, ја зајакнуваат косата и се богати со витамин А, кој е клучен за здравјето на косата.

Грав

Одличен растителен извор на протеини, гравот е добар избор кога сакате да ја збогатите вашата исхрана со протеини важни за раст на косата, без да јадете црвено месо. Исто така, содржи железо, биотин и фолати.

Прочитај

Green Tea

Човечкото тело е изложено на оксидативен стрес секој ден – процес во кој се создаваат вишок слободни радикали кои можат да ги оштетат клетките...

Four Seasons

Многумина кои размислуваат да се преселат во странство сега имаат одговор на прашањето кои земји се најбараните во светот за 2025 година. Луѓето сè...

Green Tea

Повторното користење на тегли и садови не е само практично, туку и еколошки и економично. Меѓутоа, ако остане леплив остаток, теглите изгледаат неуредно и...

новости и трендови

Нелегални интернет платформи неовластено го користат името и логото на Државна лотарија Ги повикуваме сите играчи на интернет игри на среќа да внимаваат при...

Advertisement