Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Некогаш не бил ниту бел, ниту проѕирен, а невестите не го носеле поради романтични причини!

Сите се воодушевуваат од глетката на млада невеста во преубава венчаница која носи долг, провиден и чипкаст вел. Но иако на повеќето луѓе овој обичај им изгледа убав, потеклото му е далеку од романтично.

Носењето вел за невестите кои се мажат е обичај постар и од обичајот на носење венчаница. А всушност, велот во поголемиот дел од историјата не бил ниту провиден.

Повеќето етнолози и антрополози ќе се сложат дека потеклото на носењето на вел треба да се бара во античко време кога на тој начин девојките го криеле лицето за да се заштитат од злите духови.

Гркините и Римјанките од минатото носеле црвени и жолти велови кои симболизирале оган за да ги исплашат и истераат од себе злите духови и демони. Римјаните оделе до таму што невестите во еден период од годината биле потполно прекриени со црвен вел во текот на целата свадба.

Во Европа договорените бракови биле нормални, а некои тврдат дека девојките носеле вел за да го спречат идниот маж да им го види лицето до крајот на церемонијата на венчавка. Ако на младоженците не им се допадне тоа што ќе го видат кога невестата ќе го симне велот, веќе би било доцна за да се предомислат.

Еден облик на овој обичај се гледа и денес во еврејската традиција во која невестите носат вел за да им се покаже на сите дека младоженецот не ја жени девојката само заради нејзиниот физички изглед, туку и заради духовните вредности.

Морбидна традиција

Велот бил работен по нарачка, точно според висина и останати мерки на идната невеста и потоа е внимателно чуван. Кога жената ќе почине, велот бил користен како погребен покрив.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement